Премостување на границите: Заеднички напори за заеднички прашања
Животна средина, ЕУ интеграции, квалитетот на водата за пиење, квалитетот на храната што ја консумираме и ширењето на дезинформации за овие и многу други прашања – овие проблеми ги надминуваат границите. ИКС, во соработка со медумски партнери од регионот – организираше состанок за вмрежување и соработка во Охрид од 3 до 5 јули со цел заедничко справување со овие меѓусебно поврзани предизвици преку истражувачки новинарски стории кои ќе бидат копродуцирани од регионални тимови на медиуми и новинари.
Во текот на дводневната работилница, дваесет новинари и уредници од медиуми во Албанија, Северна Македонија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора разговараа за овие заеднички теми и поставија траекторија и фокус на истражувачките стории што ќе бидат спроведени во наредниот период.
Крајната цел е да се создаде целосна слика за заедничките предизвици со кои се соочува регионот на Западен Балкан и точно да се информираат граѓаните во тие земји за овие проблеми.
ИКС, преку овој настан, ја нагласува важноста на регионалната соработка во однос на заедничките предизвици. Колективните напори во стратешкото вмрежување и регионалната соработка се клучни за надминување на заедничките прашања како што се заштитата на животната средина, дезинформациите и јавното здравје.
Работилницата е организирана во рамките на проектот „Користи факти“ што го спроведува Институтот за комуникациски студии.