fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Министерството за здравство повторно ги крати бенефициите на крводарителите

Дали Министерството за здравство ги остава на цедило крводарителите? Реагираат дека им се кратат бенефициите во здравствениот систем и дека јавното здравство не им ги пружа услугите кои им требаат. Дали ова може да ги демотивира крводарителите? Од Министерството за здравство и Институтот за трансфузиологија одбиваат да одговорат на нивните реакции, а од Црвениот крст велат дека активно ги мотивираат луѓето да даруваат крв. Гледајте во емисијата „СамоПрашај“.

 

Емисијата на Институтот за комуникациски студии се продуцира во соработка со МТВ.