fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Новости

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објавува вториот повик за медиуми за поддршка на производство на медиумски продукти за разоткривање на мотиви, наративи и/или влијание на дезинформации во општествената сфера.

Медиумите овозможија широка застапеност на антиродовите наративи во медиумскиот простор, со што придонесоа за пласирање и ширење родови дезинформации при известувањето за настаните во врска со Предлог-законот за родова еднаквост и измените на Законот за матична евиденција.

КАИРОС е научно списание со отворен пристап посветено на научни дискусии за теми поврзани со медиумска и информациска писменост, медиумско образование, критичко размислување и новите трендови во студиите за медиуми и комуникации.

Над 70 учесници (членови и вработени) на занаетчиски комори од Македонија, Хрватска и Словенија преку обука за дигитален маркетинг ќе ги зајакнуваат своите вештини за да можат што подобро да ги промовираат во онлајн просторот традиционалните занаети и богатото културно наследство на Македонија, Хрватска и Словенија.

Трендот кај младите луѓе, особено оние на возраст од 18-24 години, сè повеќе да се одвојуваат од традиционалните извори на вести, а вестите нив да ги пронаоѓаат, го нагласуваат различни истражувања.

12 февруари 2024 година - од овој датум понатаму нема да може да ја напуштите земјава со пасош или лична карта на кои стои старото име „Република Македонија“, иако важноста на личниот документ не е истечена. Овие документи повеќе нема да валидни. Ако одите со нив со институција нема да можете да завршите работа. Граѓаните треба да извадат лични документи со новото државно име, на нивни трошок. Турканици и нервоза на шалтерите на МВР Во просториите на МВР во Телевизија, каде што се поднесуваат барања и се врши фотографирање за лични документи се чека во ред. Понекогаш се создава метеж, што резултира

Со најновата трансформација во примарното здравство, матичните доктори ќе ја следат состојбата на пациентите со хронични болести и ќе им даваат терапија. Но, ќе се закажува термин и кај матичните лекари.