fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Блоговите опфаќаа различни теми како климатски промени, енергетика, загадување на воздухот, урбанизам, важноста од подигнување на свесноста на граѓаните за овие теми и др. Во голема конкуренција, во продолжение ги презентираме победничките текстови.

Водичот за екоактивизам се фокусира на правните механизми за заштита на животната средина, екоактивизмот како граѓански ангажман, но и како да се создаваат кампањи за застапување на инцијативи од јавен интерес.

Кочанскиот геотермален басен, кој е меѓу најобемните на Балканот, не е целосно искористен, иако користењето на термалните води овозможува економски и енергетски заштеди и не ја загадува природата. Концесионери и инспектори велат дека во делови од земјава има диви корисници коишто ја намалуваат издашноста на системите за геотермални води, и покрај тоа што за незаконска експлоатација е предвиден затвор од 3 до 8 години. Проблем претставува и враќањето на водите во утробата на земјата. Малку фирми можат да прават реинјектирање и геотермалните води едноставно истекуваат по браздите. На албански јазик: Ujërat gjeotermike- jo mjaftueshëm të shfrytëzuara, por dhe të keqpërdorura përmes kyqjeve

Обучувачите Лукаш Боченек и Луц Мејер од фирмата за меѓународно застапување „Леидар“ ги пренесоа нивните знаења и дискутираа со учесниците како да се активираат сите актери во општеството, особено младите, за да влијаат врз Владата.

На форумот, организиран од TACSO (Technical Assistance to Civil Society Organizations in Western Balkans and Turkey), се дискутираше отпорноста на граѓанската заедница во време на криза, како едно од најкритичните прашања за граѓанското општество.

Јавен преглед и редовно следење на квалитетот и загадувањето на реките во Македонија се овозможува со дигиталната мониторинг платформа на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), која е изработена во рамките на кампањата „Разбистри сè“ и која беше јавно презентирана денеска.