fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Комуналниот отпад, дивите депонии и непречистените води ѝ го задаваат последниот удар на Радика, бисерот на Реканскиот крај. Биолозите предупредуваат дека дефинитивно има загадување, што се познава по црните наслаги на камењата.

Ако современиот концепт за медиумска писменост подразбира активни граѓани кои умеат да ги користат медиумите за да предизвикаат промени во општество, да инсистираат на поголема транспарентност и отчетност, да ги едуцираат и да ги поттикнуваат останатите граѓани, тогаш дебатата „Медиумската писменост во акција“ е настанот на кој може да видите и слушнете како тоа личи во реалноста.

Со потпишување на меморандум за соработка меѓу Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), ИРЕКС, Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, се означи официјалниот почеток на новиот проект за медиумска писменост „Младите размислуваат“.

Балканскиот „трол на месецот“ е поединец, група на поединци или медиум кој шири омраза на интернет врз основа на пол, етничка припадност, вера или друга категорија на различност. Балканскиот трол се избира врз основа на инциденти со говор на омраза кои се забележани во целиот регион на Западен Балкан.

ИКС беше дел од регионалната обука за обучувачи која се одржа во Белград, од 11 – 13 ноември. На обуката учествуваа повеќе од триесет претставници на граѓански организации и медиуми од Западен Балкан (Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, БиХ и Србија) кои учеа вештини за застапување и водење на медиумски кампањи против говор на омраза.