fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Законот за води наложува индустриските отпадни води да се пречистуваат пред испуштање. Но на терен еколошки инциденти од хемикалии во реките и фабрики без пречестителни станици. Дури 99,7 проценти од непрoчистените отпадни води од индустријата и рударството, завршуваат директно во водотеци.

Обуката е наменета за студентите на додипломски или постдипломски студии по новинарство, комуникации и/или односи со јавноста од сите високообразовни институции во земјава. Обуката ќе се одржува онлајн на 17 и 18 мај од 10-14 часот.

На дводневните онлајн предавања се дискутира за начинот на кој се креираат и восприемаат медиумските пораки, емоциите што тие ги предизвикуваат кај публиката, видовите информации и техниките за манипулација.

Преку оваа иницијатива сакаме да постигнеме две поенти. Првата е да направиме притисок до локалната власт да биде потранспарентна во трошењето на општинскиот буџет, особено парите за заштита на животната средина. Втората е што заедно со учениците ќе испратиме апел до жителите на Струга да се грижат за околината и езерото.

Викенд е. Луѓето опуштено размислуваат каде да ја запоседнат природата или да фатат навреме маса за кафе во некое од кафулињата на најпозната улица за пиење на кафе во Битола, Широк Сокак. И така да се отепаат неколку саати од викендот. Но, за една група активисти средношколци од Државното средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, предводени од нивната професорка, Марија-Магдалена Петковска Микаровска, секој викенд е причина да се извадат ракавици, лопати и гребла, да се купи метла плус и Битола и околината да ја ослободат од ѓубре. Таа е професорка по англиски јазик, нејзините часови се празник за учениците. Го изучуваат

Стари цевки, чести дефекти, неисправни водомери, диви приклучоци – земјава станува рекордер во загубите на вода. Јавните претпријатија бараат потрошувачите да штедат, а повеќе од половина од произведеното не стигнува до нив. Процентот на неприходувана вода достигна алармантни 63 насто. Гледајте во емисијата „Разбистри сѐ“.