fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Фотографија од просторија со учесници, кои носат маски и лаптоп во средина.

ИКС учествуваше на регионален форум за граѓански организации

ИКС учествуваше на регионалниот форум за вмрежување на граѓански организации кој се одржа во Белград, од 20-21 октомври. На форумот, организиран од TACSO (Technical Assistance to Civil Society Organizations in Western Balkans and Turkey), се дискутираше отпорноста на граѓанската заедница во време на криза, како едно од најкритичните прашања за граѓанското општество.

Граѓанските организации, грасрут иницијативите, неформалните групи и движењата на граѓаните се оние кои имаат најсилни врски со нивните локални заедници. Вообичаено, тие се способни да ги мобилизираат граѓаните, особено кога станува збор за прашања кои се од голем интерес за граѓаните и кога станува збор за малите заедници.

Меѓутоа, новите општествени случувања како што се политичката нестабилност и кршење на основните слободи во некои земји, како и вонредната состојба со пандемијата Ковид-19 ги сменија приоритетите на граѓаните и донесоа нови предизвици за граѓанските организации. Затоа, потребни се нови и креативни пристапи за тие да продолжат со активизмот во овие турбулентни околности, вклучително и посветувајќи повеќе внимание на комуникациските трендови што ги носат дигитализацијата и новите технологии.

Токму таквите практики и добри модели на имплементација беа претставени од страна на граѓанските организации (преку студии на случаи) кои зедоа учество на форумот, со цел ГО од регионот да соработуваат и да учат едни од други за развој на одржливи начини на граѓански активизам (особено во предизвикувачки околности), граѓанско учество во донесувањето на одлуки и мобилизација на локалната заедница во Западен Балкан и Турција.