fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Граѓански организации се обучуваа за кампањи за застапување за биодиверзитетот

Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) сака да го постави биодиверзитетот како приоритетна тема на националната агенда на Македонија до почетокот на Конференцијата на ОН за биолошка разновидност (COP15), закажана за наредната година во Кина. За таа цел, УНЕП ангажира организација во Македонија за да осмисли кампања за застапување.

На оваа студија на случај, претставници од 20 организации-членки на Алијансата „Разбистри сè“ работеа изминатите три дена, како дел од обуката за застапување и лобирање што ја организираше Институтот за комуникациски студии. Тие правеа стратегии како да се обезбеди свесност кај сите релевантни општествени групи, вклучително и приватниот сектор, за предизвиците и можностите во врска со заштитатата на животинските и растителните видови и зачувувањето на природата.

Обучувачите Лукаш Боченек и Луц Мејер од фирмата за меѓународно застапување „Леидар“ ги пренесоа нивните знаења и дискутираа со учесниците како да се активираат сите актери во општеството, особено младите, за да влијаат врз Владата. А учесниците, работејќи во тимови, изработија планови во кои ги идентификуваа приоритетните комуникациски цели и целни публики, развија наративи, клучни пораки и слогани за нивните кампањи, ги дефинираа каналите на комуникација преку социјалните и традиционалните медиуми и поставија клучни показатели за успех на кампањите.

Обуката се реализираше во рамки на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.