fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Средношколци и претставници на граѓански организации, кои изминативе две години заеднички работеа на иницијативи за решавање на локални еколошки проблеми, ќе споделат свои искуства на завршната конференција „Здружено за поздрава животна средина“.

Да се намали аерозагадувањето, да постои интегриран систем за управување со отпадот и ригорозна контрола врз индустријата, да се подоби квалитетот на водите, заштитата на шумите и биодиверзитетот, да се создадат одржливи системи за производство на храна и да се преземе поголема климатска акција.

Ве покануваме да ја следите јавната дискусија за изработка на Рамката за развој #МКД2030 во животната средина, што ќе се пренесува онлајн во петок (14 јануари) од 11:00 до 12:30 часот на Фејсбук страницата на Институтот за комуникациски студии.

Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ објавува повик за консултанти со искуство во медиумска писменост и критичко размислување, образование, новинарство, проверка на факти, комуникации и/или сродни области за да станат консултанти за развој на ресурси. 

Со големо задоволство Ве покануваме на Меѓународниот симпозиум за критичко размислување и медиумска писменост кој ќе се одржи на 03 и 04 февруари, 2022 година.

Комуналниот отпад, дивите депонии и непречистените води ѝ го задаваат последниот удар на Радика, бисерот на Реканскиот крај. Биолозите предупредуваат дека дефинитивно има загадување, што се познава по црните наслаги на камењата.