fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Избрани победниците на натпреварот за најдобар блог „Во каков град сакаш да живееш?“

Избрани победниците на натпреварот за најдобар блогВо каков град сакаш да живееш?“

Комисијата за селекција ги избра победниците на натпреварот за најдобар блог „Во каков град сакаш да живееш?“ кој го организираа Рес публика и ИКС.

Блоговите опфаќаа различни теми како климатски промени, енергетика, загадување на воздухот, урбанизам, важноста од подигнување на свесноста на граѓаните за овие теми и др. Во голема конкуренција, во продолжение ги презентираме победничките текстови.

Победник на конкурсот:
  1. Стефан Митиќ („Скопје мора да стане поотпорно на климатските промени“).
Второ и трето место:
  1. Мартин Николовски („Како може Скопје да стане град на иднината“).
  2. Филип Етмишовски („Во земјата на сонцето има најмалку соларни панели“).

Дополнително, Комисијата одлучи дека блоговите изработени од Филип Клетников (Градот има смисла само ако ги одразува потребите на граѓаните), Сања Велкакова (Здрава животна средина: Повеќе од потребно), Ирис Блажевска (Биди промената што сакаш да ја видиш), Анастасија Ѓоргиевска (Ќе остане ли Битола градот на конзулите), Стефан Бужевски (Битола: Еколошки град или депонија) и Ивана Крстова (Жалната состојба на нашите национални паркови) ќе бидат дел од онлајн списанието на Рес публика што ќе биде објавено во декември, 2021 година.

Околу победничките блогови

Победничкиот блог на Стефан Митиќ се осврнува на нужноста од адресирање на недостатоците во канализациската мрежа на Скопје. Тој, низ призмата на климатските промени го посочува растечкиот број на поплави како низ светот, така и во Македонија во последните неколку години. Стефан предложува иновативни решенија како изградба на посебни паркови кои ќе ја акумулираат водата од поплавите и предлага ревидирање на националниот план за адаптација кон климатските промени.

Блогот кој се најде на второ место, дело на Мартин Николовски, се осврнува на проблемот со кои се соочуваат модерните градови како последица на се поголемата урбанизација и згуснато население. Тој посочува дека ова води кон поголеми сообраќајни метежи, непристапни тротоари, загаден воздух и низа други проблеми во околината за живеење. Тој посочува примери на „паметни градови“ низ светот и прикажува како истите можат да послужат како модел за Скопје.

Треторангираниот блог на Филип Етмишовски се фокусира на проблемот со електричната енергија во земјата и неискористувањето на најголемиот енергетски ресурс со кој што располага Македонија: Сонцето. Во услови кога владата најавува енергетска кризна состојба, а цените се во опасност од вртоглав раст, потребни се нужни стратешки и легислативни промени за ориентирање кон сончевата енергија со цел да ги задоволиме нашите енергетски потреби.

Блоговите ќе имате можност да ги прочитате во следните неколку недели.

Честитки за победниците и огромна благодарност до сите што ги испратија своите текстови.