Локални приоритети за заштита на животната средина во регионите со заштитени подрачја
Кои се најгорливите еколошки проблеми во регионите со заштитени подрачја? Колку во формалното образование се учи за екологијата и заштита на животната средина? Дали младите се вклучуваат во воннаставни активности во оваа област и што преземаат граѓанските организации и институциите за зачувување на животната средина се само дел од прашањата опфатени со истражувањето „Локални приоритети за заштита на животната средина во регионите со заштитени подрачја (Демир Капија, Преспа, Струмица Пелагонија, Тиквеш и Охрид) што го спроведе Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД).
Граѓански организации се обучуваат за застапување и лобирање во животната средина
Каков е контекстот за застапување и лобирање во животната средина, кои се страните кои се залагаат или се спротивставуваат на промените, што влијае на јавното мислење, зошто фактите се важни и како ефикасно да се користат.
ИКС учествуваше на Медиумскиот фестивал во Фажана (Хрватска)
Претставници на ИКС учествуваа на Медиумскиот фестивал во Фажана, Хрватска, кој се одржа од 7 - 13 септември, 2020 година.