Подобро координирање и спроведување на инспекцискиот надзор: Што ќе помогне?
Работата на инспекциските служби во животната средина има голема важност во превенцијата и санкционирањето дела што доведуваат до деградација на природните ресурси. Ефикасното планирање на редовните инспекциски надзори овозможува правилно насочување на ресурсите за следење и контрола онаму каде што е најпотребно. Редовните надзори треба да се планираат според проценката на ризикот која ја прават инспекторите и тежината на штетните последици врз заштитените добра, животната средина и здравјето на луѓето. Сепак, голем број од извршените инспекциски надзори во 2019 година биле вонредни, што значи дека инспекторите, наместо превентивно, често делувале реактивно.