fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Евиденција на притисоците врз водните ресурси: Кој ги загадува водите во Македонија?

Постоењето информативен систем за издадени водни дозволи, степенот на загаденост на водите и утврдувањето на изворите на загадување треба да бидат основа за Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) при водењето одржлива политика за водите. Во отсуство на комплетна евиденција на корисници и загадувачи на вода не може да се утврди степенот на штетно влијание, па секоја управна мерка донесена од МЖСПП е паушална. Секој може да испушта штетни и опасни материи без да поседува дозвола, да загадува и притоа да не подлежи на санкција за своето противправно дејствување.