fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Новинари од Македонија на Светскиот конгрес на Меѓународниот прес институт

Популистичките и екстремистичките групи ги користат дезинформациите како алатка за создавање конфузија и неизвесност. Меѓутоа, новинарите треба активно да возвраќаат со истражување и разоткривање на стратегиите што ги користат овие пропагандисти во ерата на алгоритми и вештачка интелигенција.

Во фокусот на овие предизвици, се одржува годинашниот Светски конгрес на Меѓународниот прес институт (International Press Institute) во Виена, на темата „Нови граници: слобода и иновации во медиумите во ерата на вештачката интелигенција“, на кој учествуваат и новинари од повеќе медиуми од Македонија.

Во денешната дигитална ера, големите онлајн платформи се доминантни извори на информации, што го отежнува воспоставувањето медиумски екосистем кој гарантира дека плуралистичките, независните и професионалните медиуми можат да ја исполнат својата витална улога како клучни столбови на демократијата. Тоа подразбира производство на широко достапни, фактички и непристрасни информации, истовремено промовирајќи ја транспарентноста и одговорноста.

На Конгресот, новинарите од Македонија ги следат и ќе известуваат од дискусиите на повеќе од 300 уредници, новинари и издавачи на кои се споделуваат идеи и се предлагаат решенија за пречките со кои се соочуваат професионалното новинарство, медиумскиот плурализам и ширењето на информации од јавен интерес. На сесиите, се разговара главно за импликациите и можностите што ерата на вештачката интелигенција ги носи на демократијата, слободата на медиумите и севкупниот информациски екосистем, но и како вештачката интелигенција може да се интегрира во редакциите, истражувајќи го потенцијалот што го поседува.

Учеството на новинарите на Светскиот конгрес на Меѓународниот прес институт се одржува како дел од проектот „Користи факти“ на Институтот за комуникациски студии, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

 

Погледнете ги извештаите од Светскиот конгрес:

ТВ СителТВ 24MKD.mkPlusInfo.mkA1on.mkMMS.mk