fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Повик за апстракти – КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации (бр. 3)

Рок: 23 јуни 2023 година

ИКС ги повикува сите заинтересирани автори да поднесат научни апстракти во рамки на третиот отворен повик за апстракти на КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации.

Тема: Медиумска писменост во добата на вештачка интелигенција (ВИ)

Во дигиталниот простор кој се развива со неверојатна брзина, медиумската и информациската писменост играат клучна улога во држењето чекор со најновите технолошки трендови и алатки. Со подемот на вештачката интелигенција (ВИ) клучно е да се разбере и искористи моќта на медиумската писменост за зајакнување на вештините на младите луѓе одговорно и активно да се справат со овој феномен. Овој повик за трудови се фокусира на истражување на динамиката на медиумската и информациска писменост во ублажувањето на негативното влијание на вештачката интелигенција врз медиумските содржини што ги конзумираат младите на различни платформи.

Потенцијалните теми вклучуваат, но не се ограничени на:

  • Улогата на медиумската писменост во поттикнувањето на критичко размислување кај младата публика.
  • Улогата на вештачката интелигенција во креирање и ширење дезинформации.
  • Поврзаност помеѓу медиумското образование и граѓанската вклученост.
  • Етичките размислувања околу образованието на медиумската писменост во контекст на вештачката интелигенција и дигиталните медиуми.
  • Капацитет и одржливост на иницијативите на медиумска писменост наспроти брзиот напредок на вештачката интелигенција.
  • Ризици и предизвици за безбедноста при комуницирање на интернет.
  • Студии на случај на успешни образовни програми за медиумска писменост наспроти развојот на вештачка интелигенција.

Важни датуми

  • Краен рок за поднесување на апстракти е 23 јуни 2023 година.
  • Известување за прифаќање/одбивање на апстрактите до 30 јуни 2023 година.
  • Рокот за испраќање на целосните трудови (5.000 – 8.000 зборови) е 25 август 2023 година.
  • Уредувачкиот одбор ќе прифати само текстови кои претходно не биле објавени.
  • Апстрактите задолжително треба да ги следат насоките за пишување наведени во продолжение на повикот.

Инструкции за пишување на апстрактот

КАИРОС е креиран како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост: Младите размислуваат, кој претставува петгодишна програма која работи со младите за да им помогне подобро да се снаоѓаат во денешниот информативен екосистем и да учествуваат во него на начин што ќе информира и вклучува, наместо да разделува и поларизира.

Проектот на УСАИД за медиумска писменост “Младите размислуваат” е имплементиран од ИРЕКС заедно со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ). Активностите во проектот се овозможени со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).