fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

ИКС е дел од проект за зголемување на свесноста за ризиците од земјотресите

Институтот за комуникациски студии е партнер на проектот Интегративно зајакнување на свесноста за сеизмичките ризици (ИСРА). Целта на проектот е да ја подигне свесноста на институциите, здравствените власти, училиштата и локалната заедница во пограничниот регион на Македонија, Албанија и Грција за ризикот од земјотреси и секундарниот ризик од ерозија на земјиштата.

Граѓаните се првите на удар при справувањето со ефектите од земјотресите и другите природни непогоди или човечки-создадени катастрофи, сè додека не дојде стручна помош. Оттука, исклучително важно е зголемувањето на свесноста на граѓаните во подобра подготовка пред настанувањето на овие непогоди, како и во справувањето со нив.

Целта на проектот ќе се постигне преку истражување за најдобрите практики во подигањето на свесноста за ризиците од земјотресите, создавање информативни материјали за пошироката јавност, кампања на социјални мрежи, комуникација со локалните власти и институции за заштита, спасување и справување со кризи, како и спроведување обуки на терен.

Проектот го води Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), додека партнери покрај ИКС се Аристотел универзитетот од Солун, Грција; Фондација Еуцентре од Павија, Италија; Политехнички универзитет од Тирана, Албанија. Проектот е финансиран од Европската Унија и е во времетраење од 1 декември 2022 до 30 ноември 2024 година.