Медиумска писменост за сите: Водич за инклузивно медиумско образование
Во денешно време, важно е секој ученик да стекне вештини за критичко размислување и креативно изразување. Овој водич содржи идеи како да ја направите вашата училница простор каде секој се чувствува добредојдено и вреднувано.
Ранливост на дезинформации кај различни групи граѓани во Северна Македонија
Истражувањето „Ранливост на дезинформации кај различни групи граѓани во Северна Македонија“ има за цел да ги утврди индивидуалните фактори, мотиви и бариери за препознавање и за справување со дезинформациите на ранливите групи граѓани.
Медиумската писменост во Македонија: обид за имплементација во основното образование
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, со поддршка на Бирото за развој на образованието го реализираше истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: обид за имплементација во основното образование“, со цел да се утврди како се третира овој концепт во наставните планови и програми, кои облици на стекнување знаења за медиумска писменост се користат (дидактички материјал, опрема, просторни услови и сл.) и каква е едукацијата на наставниот кадар за медиумска писменост.
Прирачник за медиумска писменост
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и Институтот за различности во медиумите од Лондон го изработија „Прирачникот за медиумска писменост за млади, за медиуми и за граѓански организации“. Во него се содржани корисни совети како сите овие групи можат да ја промовираат медиумската писменост.
Како поефикасно да комуницирате со граѓаните преку дигиталните медиуми: прирачник за граѓански организации
Прирачникот „Како поефикасно да комуницирате со граѓаните преку дигиталните медиуми: прирачник за граѓански организации“ нуди преглед на можностите кои ги нудат дигиталните медиуми наспроти традиционалните. Дополнително, се осврнува кон тоа како дигиталните медиуми можат да им помогнат на граѓанските организации во промовирање на нивните активности, проекти и иницијативи. Прирачникот содржи и практични совети за креирање на ефективни пораки, сегментирање на публиката, и совети за тоа кои дигитални алатки се најсоодветни за одредени публики, како најлесно да се измери влијанието на социјалните медиуми и како да се подготви план за социјални медиуми што ќе им помогне на граѓанските организации да се
Потрага по нови решенија: Креирање на идеален курикулум по новинарство за Југоисточна Европа
Анализата „Потрага по нови решенија: Креирање на идеален курикулум по новинарство за Југоисточна Европа“ има цел да ги утврди составните елементи на идеалниот курикулум за студии по новинарство во Југоисточна Европа (ЈИЕ), земајќи ги предвид различните структурални и општествено-политички околности со кои се соочува новинарското образование во овој регион.