fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Препознај и спречи: новинарски алатки за справување со дезинформации

Водичот „Препознај и спречи: новинарски алатки за справување со дезинформации“ е наменет првенствено за новинарите и медиумските работници кои се соочени со наплив на дезинформации, погрешни или злонамерни информации или разни други манипулативни техники. Оваа публикација содржи стандарди и вредности за кредибилно новинарство, како ибесплатни алатки за проверка на изворите и информациите и за пласирање веродостојни медиумски содржини.