Конкурс за обука за млади новинари
Институтот за комуникациски студии (ИКС) распишува конкурс за прием на 10 учесници на тримесечна обука за новинарство. ИКС ја организира оваа обука како дел од проектот „Поврзи ги точките: Подобрени политики преку граѓанско учество“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.
ИКС ја најавува Неделата против лажните вести 2019
Институтот за комуникациски студии (ИКС) втора година по ред ја организира Неделата против лажните вести. Ќе информираме, едуцираме, дискутираме како да се бориме против лажните вести и дезинформациите преку обуки, вебинари, дискусии, онлајн квизови, анимирани видеа и други едукативни ресурси.Целта на Неделата против лажните вести е да се поттикне критичкото размислување и да им се понудат алатки на граѓаните со кои ќе можат полесно ќе ги препознаат и да се заштитат од лажните вести, манипулациите и дезинформациите.
Делегацијата на Европската Унија и Советот за етика во медиумите го објавуваат 16-тото издание на конкурсот за наградата “Жан Моне”
Делегацијата на Европската Унија и Советот за етика во медиумите го објавуваат 16-тото издание на конкурсот за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата “Градење доверба во несигурни времиња”.
Слободата на изразување наспроти говорот на омраза во медиумите во Македонија
Документот „Слободата на изразување наспроти говорот на омраза во медиумите во Македонија“ се фокусира на проблемот со говорот на омраза кој постои во медиумската заедница во Македонија. Документот нуди осврт кон европската и македонска легислатива од областа, нуди преглед на случаи од практиката, како и препораки за ефективно и систематско справување со говорот на омраза.
Потрага по нови решенија: Креирање на идеален курикулум по новинарство за Југоисточна Европа
Анализата „Потрага по нови решенија: Креирање на идеален курикулум по новинарство за Југоисточна Европа“ има цел да ги утврди составните елементи на идеалниот курикулум за студии по новинарство во Југоисточна Европа (ЈИЕ), земајќи ги предвид различните структурални и општествено-политички околности со кои се соочува новинарското образование во овој регион.
Приватност, информирање и јавниот интерес: правото на приватност наспроти правото на јавноста да знае
Целта на овој документ е анализа на балансот помеѓу правото на приватност и правото на информирање на јавноста. Документот се осврнува на европското и македонското законодавство од областа на приватноста, на примери од праксата на медиумското известување во Македонија од овој аспект, и нуди препораки за подобрување на политиките во областа на приватност и информирање.
Медиумите во Македонија: заштитници на јавноста или заложници на политичките интереси
„Медиумите во Македонија: заштитници на јавноста или заложници на политичките интереси“ ја анализира улогата на медиумите во штитењето на јавниот интерес во Македонија, и начинот на кој македонските медиуми го третираат јавниот интерес при известувањето. Документот го анализира медиумското законодавство на Македонија и нуди препораки за зајакнување на улогата на медиумите во заштитата на јавниот интерес во Македонија.
Одржани четири работилници со новинари за новинарство од јавен интерес
Институтот за комуницикациски студии (ИКС) во октомври и ноември организираше четири работни средби со претставници на различни медиуми во Македонија со цел да се утврди дали и на кој начин во редакциите се практикува новинарство од јавен интерес. На средбите се разговараше дали медиумите имаат свои интерни новинарски кодекси или насоки за продуцирање медиумски содржини, начините на кои се носат одлуки во редакцијата кои содржини ќе бидат публикувани, на кое место, потоа дали се прави разлика меѓу јавен, државен и национален интерес, колку е познат концептот за тестот за јавен интерес и сл.
Џон Овен: Лиценцирањето новинари е ужасна идеја
Начинот на кој се води една држава одредува и какви медиуми ќе има. Политичарите треба да покажат волја да создадат услови со кои ќе го поддржат новинарството, правото на критика. Новинарите пак треба да се солидаризираат, а не да почнат да издаваат лиценци за новинари, тоа е ужасна идеја, вели американскиот професор по новинарство, Џон Овен. Во моментов раководи со Фронтлајн во Лондон, а во својата богата кариера бил уредник во канадски Си-Би-Ес, Ал Џезеира, прв човек на Фридом форум за Европа, а деновиве во Скопје разговараше со новинарите и сопствениците на медиуми за промените во медиумскиот простор за кои
Одговорно и отчетно владеење ќе овозможи остварување на јавниот интерес
Поголема транспарентност во работата на власта и овозможување суштинска дебата која ќе ги канализира ставовите на различни групи граѓани, се предуслови за одговорно и отчетно владеење. Само на овој начин ќе може целосно да се остварува јавниот интерес, кој во Македонија различни елити на моќ неретко го инструментализираат. Ова е еден од заклучоците од денешната конференција што ја организираше Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“.