ИКС распишува конкурс за обука на млади новинари
Институтот за комуникациски студии (ИКС) распишува конкурс за прием на 10 учесници на тримесечна обука за новинарство. ИКС ја организира оваа обука како дел од проектот „Поврзи ги точките: Подобрени политики преку граѓанско учество“, поддржан од Британската амбасада во Скопје. Целта на програмата е учесниците да стекнат применливи вештини и знаења за новинарско изразување, истражување и мултимедијална продукција кои се неопходни за работа во современа редакција или за самостоен ангажман. Обуката е идеална за оние кои сакаат да работат во информативна редакција и за оние на кои им е потребно усовршување на техниките за новинарско изразување во дигиталната ера.
Теми на програмата:
- Новинарството во дигитални услови: разлики меѓу традионалното и онлајн новинарство. Кој може да биде новинар денес и која е неговата улога во онлајн опкружувањето? Блогирање.
- Основи на новинарство. Новинарско пишување. Како пишуваат новинарите? Која е нивната публика?
- Не заборавај ги основите: новинарство во заштита на јавниот интерес. Основни етички стандарди и практики.
- Провери, па објави: не дезинформирај, не манипулирај. Разлики меѓу факти и мислења. Новинарите како промотори на медиумската писменост.
- Сам свој мајстор: фотографија, аудио, видео продукција.
- Анализирај, аргументирај, истражувај. Што е истражувачко новинарство? Аргументирано аналитичко пишување. Новинарство базирано на податоци.
- Примени го наученото: истражи и објави новинарска приказна на мултимедијален блог
За програмата
Обуката ќе се реализира во период од три месеци (октомври – декември 2021), со комбинирани предавања со физичко и онлајн присуство. Предавачи ќе бидат искусни домашни и странски новинари. Обуката изобилува со теренска настава, самостојно и во придружба на предавачите. Секоја недела се предвидени вебинари со гости предавачи. Во последните три недели од програмата, учесниците ќе изработуваат финална задача на реални теми што се дел од новинарските истражувања на ИКС. За време на истражувањето, учесниците ќе имаат менторска поддршка. ИКС обезбедува опрема и услови за новинарска продукција (снимање и монтажа), иако програмата фаворизира употреба на алатки во мобилното новинарство.
Обуката ќе се одвива на македонски јазик.
Што ќе добиеш?
- Бесплатна обука за новинарство од искусни новинари и уредници
- Сертификат од ИКС со 10 ЕКТС
- Менторска поддршка додека ја изработуваш истражувачката приказна како финална задача
- Можност за пракса во медиумите со кои ИКС соработува
- Можност за ангажман во новинарската продукција на ИКС
Право на учество и потребни документи:
На конкурсот може да се пријават полнолетни граѓани со завршено средно образование кои сакаат да се оспособат за новинарство и за работа во медиуми. Конкурсот е одлична можност за професионална надградба и пракса за студентите по новинарство, постдипломците во областа на медиумите и комуникациите, но и за студентите од други општествени науки кои имаат афинитети за работа во медиуми. Се охрабруваат да се пријават и студентите на факултетите на кои се изучуваат природните науки, како и младите активисти во сферата на животната средина, заштита на биодиверзитетот и сл., кои сакаат да стекнат новинарски вештини.
Заинтересираните кандидати треба да достават: 1. мотивациско писмо и 2. кратка биографија кои заедно со 3. пријавата треба да ги испратат на , до 26 септември 2021 (недела).
Селекција
Комисија составена од предавачи на ИКС и искусни уредници ќе ги повика кандидатите избрани во потесниот круг на разговор, врз основа на нивото на образование, претходното искуство (CV) и покажаниот интерес (мотивациското писмо). Избраните 10 кандидати ќе потпишат договор со којшто ќе се обврзат дека ќе ја следат и завршат програмата, вклучувајќи го и стажирање во продукцијата на ИКС или во други медиуми додека ја изработуваат финалната задача.
Лице за контакт:
Александра Теменугова, програмски координатор, ; тел. 02/30 90 004 и 070/359 876