fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Грижата на животната средина не смееме да ја оставиме само на институциите

Како локалното население да се вклучи во заштита на животната средина, зошто партнерството со медиумите е важна алка во заштитата на јавниот интерес, како да го поттикнеме екоактивизмот кај младите, но и зошто е важен Европскиот зелен договор? Ова беа дел од темите на кои се дискутираше на завршната конференција „Здружено за поздравa животна средина“.

Над 130 млади луѓе на сесиите дебатираа и ги посочија следните точки за вклучување на младите во заштитата на животната средина:

  1. Еколошкото образование треба да се воведе уште од најмлада возраст преку практични активности.
  2. Да се поттикне љубопитноста кај младите да ја истражуваат животната средина и да се мотивираат да дадат придонес за нејзино зачувување.
  3. Да се охрабрат младите да кажат што мислат дека треба да се промени и да бидат навистина слушнати.
  4. Младите можат и треба да ги искористат социјалните мрежи правилно и паметно за повисока цел, не само за забава.
  5. Локалното население како најзасегнато и најдобро запознаено со еколошките проблеми треба да има клучна улога во нивно решавање.
  6. Медиумите освен што треба да информираат и едуцираат за теми поврзани со животната средина, треба и да се и партнер на локалното население и граѓанските организации, со цел да се направи притисок врз институциите за решавање на еколошки проблеми.
  7. Да се стимулира бизнис секторот за изнаоѓање решенија против деградацијата на животната средина и последиците од климатските промени.
  8. Принципот купи, искористи, фрли е погубен за нашата планета и затоа треба да се преземат мерки за стимулирање на одржлив раст во економијата.

Ова се дел од препораките кои произлегоа од дискусијата на која учествуваа средношколци, наставници, претставници на граѓански организации, институции, новинари, експерти, активисти и др.

Овој настан се организира како дел од проектот „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“ што го реализира Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонското еколошко друштво, а со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).


Оваа содржина е подготвена во рамки на проектот: „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“ а го реализира Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонско еколошко друштво, со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).