fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Серијалот „Тешка зима“ објавен на платформата ДОМА (doma.edu.mk) на Институтот за комуникациски студии (ИКС) ја доби првата награда на јавниот повик на ЗНМ и УНДП за новинарска награда за 2023 година за објавен текст или видео сторија на тема „Справување со загадувањето на воздухот – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“, од вкупно 17 пријави.

Заштита на малолетниците, поголема контрола врз дејноста или бизнис-интереси. Што се крие во позадина на законските измени за игрите на среќа? Решението предизвика бурни реакции. Од една страна е потребата да се внесат дополнителни правила на игра зашто обложувалници и казина никнуваат на секој чекор како печурки по дожд. Од друга страна, измените повлекоа најава за масовни протести и предупредување дека илјадници луѓе може да останат без работа. Антикоцкарите и приредувачите на игри на среќа спротивставени во законските измени Клучната новина во законските измени за игрите на среќа е што објектите за приредување игри на среќа не смее да бидат поблиску од

Научи како да изработуваш содржини за веб и социјални медиуми со кои ќе ја привлечеш публиката, да визуелизираш податоци со инфографикони, да снимаш видеа со мобилен телефон, но и да препознаваш визуелни манипулации што се создадени со вештачка интелегенција. Усоврши се за ерата на дигитални информации преку Мастер часовите за медиуми и новинарство, што ги организираат Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС, во рамките на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. Мастер часовите се наменети за млади луѓе од 19 до 34 години, вклучувајќи студенти, млади новинари и оние кои сакаат да се надградат со дигитални медиумски вештини. Тие

Истражувањето го анализира обемот и распространетоста на штетните наративи во јавната политичка комуникација на политичките партии и политичарите со јавноста во државата, како и начинот на медиумското известување за овие наративи.

Од Организацијата на потрошувачи (ОПМ) велат дека секоја година речиси и да се повторуваат и трговските, но и потрошувачките грешки. Оние кои сакаат да продадат редовно се трудат да ги надмудрат оние кои во еуфоричниот период сакаат да купат без да бидат многу внимателни.