fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Токсичната реторика на политичарите во Македонија презентирана на конференција на ОДИХР во Подгорица

Токсичната реторика на политичарите во Македонија презентирана на конференција на ОДИХР во Подгорица

Наодите од деветмесечното истражување за политичките штетни наративи (ШТЕТ-НА) беа презентирани на регионалната конференција ,,Унапредување на условите за слободни и фер изборни кампањи во Западен Балкан”, која се одржа во организација на ОДИХР во Подгорица на 14 и 15 мај.

Програмската менаџерка од Институтот за комуникациски студии, Александра Теменугова, која е дел од истражувачкиот тим на ,ШТЕТ-НА”, во сесијата „Слободни и фер изборни кампањи“, истакна дека трите најчести штетни наративи кои ги пропагираат политичките партии, се истите најчести штетни наративи што ги пренесуваат медиумите.

Фотографија од Александра Теменугова од ИКС“Совпаѓањето на трите најчести штетни наративи што испливаа од медиумскиот мониторинг  – Поткопување на довербата во институциите, Пристрасно селектирање и Напади на личноста/Демонизација е алармантен индикатор кој укажува на фактот дека политичките актери имаат „бришан простор” за да ја шират токсичната реторика во  медиумската сфера“, потенцираше Теменугова.

Ваквите наоди, според Теменугова, покажуваат дека медиумите, но и политичкте актери треба да се придржуваат кон стандардите за етичка јавна и политичка комуникација, односно до новинарските професионални стандарди.
Сепак критиката треба да биде главно насочена кон политичките партии кои се јавно финансирани со милионски суми од буџетот, а со тоа носат и огромна одговорност за сопствената комуникација.
Истражувањето „Мерење на политички штетни наративи“ (ШТЕТ-НА) се реализира во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија: Користи факти“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.