Повик за апстракти за КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации (бр. 4)
ИКС ги повикува сите заинтересирани автори да поднесат научни апстракти во рамки на четвртиот отворен повик за апстракти на КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации.
КАИРОС е научно списание со отворен пристап посветено на научни дискусии за теми поврзани со медиумска и информациска писменост, медиумско образование, критичко размислување и новите трендови во студиите за медиуми и комуникации. Трудовите објавени во КАИРОС можат да се фокусираат на горенаведените области од социолошки, психолошки, политички, лингвистички и технолошки перспективи.
Важни датуми
- Краен рок за поднесување на апстракти е 11 март 2024 година.
- Известување за прифаќање/одбивање на апстрактите до 12 март 2024 година.
- Рокот за испраќање на целосните трудови (4.000 – 6.000 зборови) е 30 април 2024 година.
- Уредувачкиот одбор ќе прифати само текстови кои претходно не биле објавени.
- Апстрактите задолжително треба да ги следат насоките за пишување наведени во продолжение на повикот.
Инструкции за пишување на апстрактот
- Апстрактите треба да бидат напишани на англиски јазик;
- Апстрактите треба да содржат од 200 – 300 зборови (не сметајќи ги фуснотите);
- Насловот на апстрактот да не содржи повеќе од 20 зборови, да биде со големи букви и да не содржи кратенки;
- Апстрактите треба да бидат изработени во компјутерска техника, со користење на фонт Times New Roman, со големина на букви 12 и проред 1.15 за основниот текст, и со големина на букви 10 со проред 1 за текстот во фусноти;
- Апстрактите треба да содржат 3 – 5 клучни зборови;
- Апстрактите, заедно со кратка биографија на авторите, треба да се испратат во Word и PDF формат на и со назнака „Апстракт за статија – КАИРОС бр. 4“.
КАИРОС е креиран како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, кој претставува петгодишна програма која работи со младите за да им помогне подобро да се снаоѓаат во денешниот информативен екосистем и да учествуваат во него на начин што ќе информира и вклучува, наместо да разделува и поларизира.
Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат” е имплементиран од ИРЕКС заедно со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ). Активностите во проектот се овозможени со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).