fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

„Тешка зима“ ја доби првата награда на конкурсот на ЗНМ и УНДП за справување со загадувањето на воздухот

Серијалот „Тешка зима“ објавен на платформата Дома на Институтот за комуникациски студии (ИКС) ја доби првата награда на јавниот повик на ЗНМ и УНДП за новинарска награда за 2023 година за објавен текст или видео сторија на тема „Справување со загадувањето на воздухот – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“, од вкупно 17 пријави.

„Во време на висока цена на енергенси важно е да се знае какви температури не очекуваат претстојната зима. Метеоролошките прогнози мора да бидат база на стратегијата колку и што ќе се набавува за да  се преживее тешката зима. Светот го живее најголемиот парадокс при зголемен број на гладни во годината кога се бележи најголемо производство на храна, дали обновливата енергија е спасот. Ова се само дел од прашањата на кои се истражува во сторијата ‘Тешка зима’ која се состои од пет прилози во низа. Автор на сторијата е Катерина Топалова од МРТ, а истата е објавена на doma.edu.mk, се вели во образложението.

Катерина Топлова која долги години соработува со ИКС на сите платформи се заблагодари на поддршката за нејзината работа и на можноста што и ја дава Институтот за работа на вакви теми.

„Известувањето за оваа награда го добив истиот ден кога добив и отпусна листа од болница каде бев хоситаизирана поради намален имунитет. Затоа, мора да продолжиме да бидеме гласни и оваа награда не е победа, туку поддршка на што сум бескрајно благодарна. ИКС знам дека ќе продолжи да остава слободен простор за новинарте кои сакаат да работат на оваа тема затоа што знаеме дека не работи од денес за утре и знаеме дека мора да се почне некогаш. За жал гледајќи ги буџетите на локалните и државните институции за борбата со загаден воздух знам дека, не јас, ама со некој од овие овде луѓе повторно ќе се видиме на бина со одлични новинарски производи, но и со загаден воздух“, рече Топалова.

Серијалот „Тешка зима“ беше објавен во периодот од 4.11.2022 до 2.12.2022 година, на платформата ДОМА и се состои од 5 епизоди новинарски стории. Повод за ова беа проблемите кои настанаа како последица на војната во Украина, што предизвика проблеми во испораката на храна во светот, но и недостатокот на енергија, а со тоа и скок на цените на неопходните производи. Дополнително, секоја од епизодите беше посветена на одреден проблем: храна, производство на енергија, загадување, одржливост и можни решенија.

Сторијата е дел од проектот „Користи факти“, финансиран од Британската амбасада.