За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

април 2020

Дигиталните вештини се нужност и се исто толку важни како што е важно читањето, пишувањето, зборување и разбирањето. Ова е еден од заклучоците на онлајн дебатата „Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн настава“ што на 24 април 2020 г. ја организираа Институтот за комуникациски студии и Делегацијата на Европската комисија во земјава како завршен настан од средношколскиот конкурс „Биди медиумски активен/-на“ со кој се одбележи Европската недела на медиумска писменост 2020.

Оваа година, јубилејно по 50 пат светот го одбележува Денот на планетата Земја. Денеска, го славиме чудото наречено живот што за сега знаеме дека постои само на оваа сино-зелена топка која плови во Универзумот. Големите еколошки и природни катастрофи за кои сведочиме треба да ги разбереме како порака што Мајката Земја ни ја испраќа на сите.

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, со поддршка на Бирото за развој на образованието го реализираше истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: обид за имплементација во основното образование“, со цел да се утврди како се третира овој концепт во наставните планови и програми, кои облици на стекнување знаења за медиумска писменост се користат (дидактички материјал, опрема, просторни услови и сл.) и каква е едукацијата на наставниот кадар за медиумска писменост.