Говор на омраза во земјите од Западен Балкан: Поважни моменти во месец септември
Во текот на септември, мониторинг тимот на РДН констатираше повеќе наративи и дискурси во кои беше содржана омраза. Во овој месец имаше пораст на говорот на омраза, етничка дискриминација и ксенофобија кон различни етнички заедници, како и случаи на хомофобија и реторика против ЛГБТК+ во сите шест држави од Западен Балкан.
Етничка дискриминација во земјите од Западен Балкан
Во изминативе пет години, Спогодбата за слобода на движењето склучена помеѓу Косово и Србија предвидуваше возилата со регистарски таблички „КС“ да можат да влезат од Косово во Србија, меѓутоа, регистарските таблички „РКС“ требаше да се заменат со привремени таблички на самата граница. Од друга страна, возилата со српски регистарски таблички можеа да влегуваат на Косово без никакви проблеми. Неодамна, откако на 15 септември истече оваа Спогодба, Владата на Косово одлучи да воведе реципрочни мерки што го отежни преминувањето на границите меѓу двете земји. Најзначајно е тоа што, автомобилите со српски регистарски таблички ќе треба да земаат привремени регистарски таблички при нивното влегување на Косово.
По овие неодамнешни политички тензии меѓу Србија и Косово, се случи пораст на етничката дискриминација и говорот на омраза кај двете страни. Косово онлајн неодамна имаше објава со наслов „Драма кај Брљак: специјалните сили се обидоа да извлечат Србин надвор од автомобилот а КФОР го спречи инцидентот“. КФОР е меѓународната сила задолжена за зачувување на мирот на Косово, предводена од НАТО. Според оваа објава, „полицијата побарала од граѓанин од српска националност да излезе од автомобилот и да ја отстрани регистарската табличка КМ. Тој тоа го одбил, па тие почнале да го извлекуваат од автомобилот. Кој знае како сето ова ќе се завршело доколку не дошле припадниците на КФОР и не ја смириле целата ситуација, Србите што протестираа се собраа таму, а возачот успеал да стигне на безбедно“. Ова не беше потврдено од косовската полиција, КФОР, ниту од кој било друг релевантен орган на Косово.
Како реакција и протест на неодамнешните реципрочни мерки кои беа преземени од Владата на Курти на Косово, косовските Срби во последниве три дена блокираа два гранични премини во северно Косово. Во претходно споменатата објава, Косово онлајн споделува и шири лажни вести што може да доведе само до негативни последици. Со оглед на историските и претходни меѓуетнички односи меѓу Албанците и Србите на Косово, ширењето штетни дезинформации и неточни вести доведува до дезинформирање на јавноста во однос на вистинските настани што се случуваат и со тоа се создава несигурност и страв.
Од другата страна на границата, српскиот весник „Информер“ објави напис на нивната интернет страница со наслов „Шиптарите во паника! Америка ги извести дека Вучиќ не блефира – српската војска, во случај на напад, ќе ги заштити луѓето на Косово!“. Во написот се тврди дека „Албин Курти и неговите екстремисти не знаат што да прават! Еден ден откако хрватските и германските инструктори на НАТО во базата „Врело“ кај Вучитрн ги обучија како да ги скршат српските блокади „за еден час“ и да преземат целосна контрола над северот на Косово, Шиптарите добија сериозно предупредување од САД“.
Медиумите, особено таблоидите, сензационалистички известуваа за случувањата на релација Белград-Приштина, кои придонесуваат за зголемување на етничката тензија и поделба меѓу Албанците и Србите, што може да има негативни последици. Покрај тоа што користи погрдни имиња кога известува за Албанците, „Информер“ и понатаму придонесува за ширење дезинформации и страв при известување за конкретната ситуација. Со објавување вакви сензационалистички наслови, зголемувањето на напнатоста и стравот кај јавноста доведува до тоа да се создаваат лажни впечатоци за конфликтот, што дополнително може да предизвика насилство и омраза кај двете страни. Користејќи такви погрдни имиња и терминологија при известување за Албанците, се ризикува да се поттикне омраза, особено затоа што „Информер“ има голема читателска публика и опфат.
Во Албанија, етничката тензија и стравот од конфликт продолжуваат. JOQ Албанија неодамна објави слика на која се прикажани три жени во армиска униформа со наслов „Дали би им се приклучиле на Косовските безбедносни сили против Србија, ако избие војна на северот на Косово?“. Ова беше проследено со „анкета“ на инстаграм профилот на JOQ Албанија а во врска со зголемените тензии во регионот и стравот од конфликти. Коментарите под објавата беа со огромно мнозинство поддршка за приклучување кон Косово, против Србија, доколку се случи војна, при што многу коментари кои повикуваа на „тоа да им се приклучиме на нашите браќа“.
Објавата, која доби над 32.000 лајкови и над 2.000 коментари, придонесува за зголемување на етничките тензии во регионот, шири дезинформации и го храни стравот на јавноста од можноста за војна и конфликт. Ова исто така создава дополнителна поделба помеѓу двете етнички заедници врз основа на погрешни наративи.
Хомофобија и реторика против LGBTQ+
На Демографскиот самит во Унгарија, членот на претседателството на Босна и Херцеговина и претседател на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, искажа силна реторика против LGBTQ+ и хомофобични забелешки.
За време на својот говор, тој направи конкретни упатувања на традиционалната улога на мајката и таткото во едно семејство и искажа силно противење и неодобрување за парови и семејства од ист пол. Тој рече „тие сакаат да ми ги наметнат своите вредности и јас бегам од тоа. Не допирај ме, болен човеку. Бегај од мене, прави што сакаш, но да не си ме допрел. И сега јас сум грешка а тие се во право. Има родител 1 и родител 2. Уште не сум рекол дека родителот број 1 и број 2 родиле дете“.
Понатаму, тој ја искажа својата фрустрација во однос на неговото право да го каже своето мислење, но посочувајќи дека „како е можно да не можам да зборувам и дека е политички некоректно да се каже дека мајката е жена, а таткото маж. Извинете, тоа не ми оди во глава и тоа ми нема логична смисла“.
Користењето таков навредлив и погрешен говор кој се однесува на LGBTQ+ заедницата, може да ги маргинализира групите кои се веќе исклучени и тие да се соочат со нееднаков третман во општеството. Ваквите хомофобични коментари од некој како што е Додик, кој има голема политичка и јавна платформа, шират реторика насочена против LGBTQ+ и говор на омраза, и продолжуваат да ја оправдуваат и одржуваат во живот хомофобијата во општеството. Ваквите наративи може да доведат до дела од омраза и насилство. Политичарите, кои треба да го претставуваат општеството и нивните интереси, треба да бидат одговорни за ширење на ваков вид на говор на омраза.
Во Црна Гора, Vijesti.me објави статија во врска со неодамнешниот инцидент во вид на хомофобичен говор од член на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора (ДПС). Во оваа статија имаше и видео со многу погрден и хомофобичен збор кој се користи за да се опишат Дритан Абазовиќ, водач на Обединетата реформска акција (УРА) и Алекса Бешиќ, претседателот на Демократска Црна Гора. Понатаму, кога беше побарано да се извини за употребата на таква терминологија, партијата ДПС го обвини движењето УРА дека преземала снимки од приватни групи на Viber, оправдувајќи го таквиот воспалителен говор како „приватна снимка“. Комитетот за пребарување на УРА тврди дека тие не очекуваат да бидат изречени „санкции кон овој член на ДПС од страна на главните органи, бидејќи тоа е она што е карактеристично за нивните политички активности“.
Ваквите изјави го оправдуваат и минимизираат користењето на хомофобичен говор на омраза, преку оправдување на неговата употреба, и со тоа дозволуваат таквата терминологија да се потврди и да се прифати во општеството, особено од страна на политичките партии и поединци.
Говор на омраза во Македонија
Петрит Сарачини е добро познат граѓански активист кој зборува отворено и кој порано бил вработен во Владата. Петрит сега работи за ГО „Цивил Медиа“ каде редовно коментира разни политички настани. Неодамна, на една од неговите објави на Фејсбук, еден член на политичката партија „Левица“ објави видео коментар во кој инсинуираше дека на Петрит му останува „малку време“ и, иако точните намери не беа сосема јасни, се остава сомнеж дали, или не, коментарите се навистина закана за животот на Сарачини. Во своето видео, тој вели: „Петрит, црно држило, каде одиш, стаорецу, уште малку, дали знаеш дека нема да има дупка каде ќе се скриеш. Пушти го, уште малку“.
Можно е коментарот да се протолкува и како да се однесува на периодот по претстојните локални избори а на кои „Левица“ очекува да добие голем број гласови и да добие поголема политичка моќ и влијание. Самата објава имаше околу 888 прегледи во моментот на пишување на овој текст и може да поттикне лажни информации и говор на омраза кон Саранчини, што може дополнително да промовира и да предизвика насилство.
Извештајот е изработен во рамки на Мрежата за известување за разновидност 2.0, воспоставена од Институтот за разновидност на медиумите, Центарот за истражувачко новинарство Црна Гора, Центарот за истражувачко новинарство Босна и Херцеговина, Мрежа за професионализација на медиумите на Југоисточна Европа, Албанскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии, Институтот за разновидност на медиумите во Западен Балкан и Косово 2.0.
Мрежата е воспоставена како дел од 4-годишниот проект финансиран од Европската унија. Балканска фондација за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.