fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Одговор на прашања поврзани со повикот за високообразовни установи (медиумска писменост)

Во прилог доставуваме одговори поставувани прашања за отворениот повик до високообразовните институции во Р. С. Македонија за вклучување на медиумската писменост во студиските програми.

  1. Дали може да се буџетира авторски и интелектуален труд за креирање наставни материјали (на пример, книга што би се користела како задолжителна литература за време на наставата).
    Да, ова е дозволен трошок и може да се буџетира. Фокусот треба да биде на трошоци за изработка, а во помала мера на трошоци за печатење (на авторски книги). Во секој случај, не е дозволено проектната апликација да биде фокусирана само на изработка на, на пример, книга што би се користела како задолжителна литература. Истото треба да биде во функција на проектната идеја, односно активности насочени кон образование за медиумска писменост.
  2. Дали може да се предвидат трошоци за печатење и за превод на наставните материјали?
    Трошоци за печатење од формален аспект може да се сметаат за дозволен трошок  доколку постои реална оправданост во рамките на замислената проектна идеја. Трошоците за превод на наставни материјали исто така се сметаат за дозволен трошок, но овој трошок мора да биде во функција на проектната идеја.
  3. Дали може да се предвидат средства за развивање онлајн ресурси (софтвер, отворени образовни ресурси и сл.?)
    Купување на опрема не е дозволиво во рамките на овој грант, освен ако не постои специфична намена согласно потребите на идејата на проектот. Финалната одлука за дали специфично барање за купување опрема ќе биде одобрена, ќе зависи од одлуката на донаторот за дозволивоста на трошокот поврзана со ваквото барање. Трошоци поврзани со развивањето на онлајн ресурси како софтверски решенија и отворени образовни ресурси е дозволен трошок. Купување на готови софтверски решенија не е дозволен трошок.
  4. Дали може да се трошат средства за патување и дали има ограничување?
    Средства за патување надвор од државата не се дозволен трошок, додека патни трошоци за предвидените активности се дозволиви, доколку се директно поврзани со планираните активности на проектната идеја.
  5. Дали може да се изнајмува простор?
    Овој трошок е дозволив доколку постои рационална потреба за тоа. Очекувањето е дека апликантите треба да располагаат со соодветен простор за активностите предвидени во овој грант. Во рамките на апликацијата сепак, дозволено е да се побараат средства за овие потреби, финалната одлука ќе зависи од одобрение од донаторот.
  6. Дали предложениот буџет ќе се смета за конечен или претстои фаза на доработка?
    Добиените буџети не се сметаат за финални додека не се потпише договорот за грант. Очекувањето е дека буџетите ќе бидат доработени пред потпишување на договорот за грант.
  7. Дали предметните програми за изборните предмети кои треба да бидат во склоп на студиските програми бараат посебна постапка за акредитирање или ќе се водат според друга постапка? Како е предвидено да се одвива тој процес со цел програмите да бидат активирани во претстојната студиска година, а тоа да биде согласно Законот за високото образование?
    Акредитација на предметните програми не е задолжителна во рамките на овој повик. Сепак, апликантот треба да ги има предвид одредбите од Законот за високото образование и придружните подзаконски акти од областа, и да одлучи како ќе ги имплементира активностите предвидени со проектната идеја.
  8. Доколку дипломираните студенти се вклучуваат во активностите, како е планирано да се реализираат ЕКТС кредитите, кога тие веќе имаат заокружен прв циклус на студии? Како ќе се користат освоените кредити?
    Доколку предложените активности носат одреден број ЕКТС, тогаш не е задолжително вклучувањето на дипломираните студенти. Во секој случај, очекувањето е дека апликантот ќе вклучи дел од претставниците на студентските тела и студентите во спроведувањето на проектните активности.
  9. Дали листата на воннаставните активности може да се прошири со активности кои не би носеле ЕКТС?
    Да, дозволено е да се прошири листата со воннаставни активности кои не би носеле ЕКТС.
  10. Со оглед на тоа што и за воннаставните активности е предвидено да носат ЕКТС кредити, дали тоа значи дека и за тие програми ќе биде неопходна акредитација од страна на Агенцијата за квалитет во високото образование?
    Акредитација на воннаставните активности не е задолжителна во рамките на овој повик. Сепак, апликантот треба да ги има предвид одредбите од Законот за високото образование и придружните подзаконски акти од областа, и да одлучи како најсоодветно може да ги имплементира воннаставните активности предвидени со проектната идеја.
  11. Колку активности или идеи може да се предложат за секоја активност?
    Не постои ограничување во бројот на активности/идеи. Апликантот мора да има предвид дека 1 институција не може да добие повеќе од 1 грант и дека максималната сума на грантот не може да надмине 8,500 УСД.