fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Отворен повик до сите високообразовни установи „Предлози за образовни активности за медиумска и информациска писменост“

Во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД, „Младите размислуваат“, ИКС и ИРЕКС ги покануваат сите универзитети и акредитирани високообразовни институции кои се регистрирани на територијата на Република Северна Македонија да достават предлози за вклучување на медиумската писменост во нивните студиски програми и во други академски активности.

Во изминатите децении, медиумската писменост и медиумското образование најмногу го нагласуваа критичкото размислување, потребата да се разбере создавањето на информациите, и улогата и функцијата на медиумите. Но, со развојот на технологијата и платформите за социјални медиуми, напливот на дезинформации и „инфодемијата“, се наметнува потреба од нови вештини и знаења за разбирање на шаблоните на креирање медиумски содржини и информации.

Во насока на справување со овие предизвици, Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС го објавуваат овој повик со цел да ги подготват идните лидери во заедницата да се справуваат поефективно и одговорно со предизвиците на информатичкото општество.

Право на учество

Иммат сите јавни, јавно-приватни и приватни високообразовни институции во Република Северна Македонија што се официјално регистрирани и акредитирани од Министерството за образование и наука.

Предност ќе имаат универзитетите и факултетите чии студиски програми се од областа на медиумите, комуникациите, образовните и информатичките науки.

Активности подобни за финансирање

Кандидатите треба да предложат активности за унапредување и вклучување на медиумска писменост во рамки на редовните студиски програми и истражувачка дејност. Под „медиумска писменост“ се подразбира унифицираната дефиниција на Експертската група за медиумска писменост, која „се однесува на сите технички, когнитивни, општествени, граѓански и креативни капацитети кои што ни овозможуваат да им пристапиме и да имаме критичко разбирање и интеракција со медиумите“. Предложените активности треба да целат кон развивање вештини кај студентите за пристап до различни форми на медиумски содржини, способност за критичка анализа на медиумска содржина, како и вештини за продукција на медиумски содржини.

Активности што можат да бидат финансирани (листата не е конечна):

  • Развој на курикулум за изборни предмети за медиумска писменост и/или справување со дезинформации и план за вметнување на овие предмети во наставните програми.
  • Организација и спроведување на воннаставни активности за медиумска писменост (кратки курсеви, летни/зимски школи и сл. активности) со предвидено стекнување на одреден број ЕКТС.

Избраните кандидати ќе добијат грантови во висина од најмногу 8.500 американски долари за спроведување на предложените активности.

Апликацијата треба да ја земе предвид вклученоста на студентските тела и на дипломираните студенти во сите активности.

Сите активности треба да бидат спроведени почнувајќи од академската 2022/2023 година.

Потребни документи за аплицирање

  • Формулар за аплицирање (пополнет на англиски јазик).
  • Предлог буџет (пополнет на англиски јазик).
  • Биографии (CV) и краток опис на искуството на професионалниот кадар кој ќе биде вклучен во спроведувањето на активностите.
  • Копија од тековна состојба (не постара од шест месеци сметајќи од денот на аплицирање).

Сите апликации треба да се испратат преку е-пошта до и со предмет: АПЛИКАЦИЈА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ  

Важни датуми

  • Крајниот рок за аплицирање е 1 март 2022 г.
  • Селекцијата ќе биде спроведена најдоцна до 15 март 2022 г.

За сите дополнителни прашања и нејаснотии поврзани со повикот, обратете се на или најдоцна до 17 февруари 2022 година.

*Во рамките на овој повик ќе бидат селектирани најмногу 2 (два) предлози.

 

Повикот се објавува во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост,  „Младите размислуваат“, кој го спроведува ИРЕКС заедно со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ). Активностите на „Младите размислуваат“ се овозможени со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД).