Медиумската писменост е клучот за поотчетно и потранспарентно општество
Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС го организираа меѓународниот симпозиум „Во чекор со трендовите: образование за медиумска писменост во сè побрзото секојдневие“ како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.
Симпозиумот имаше за цел, преку примери и искуства од професори и истражувачи од Северна Македонија и поширокиот регион, да претстави можни решенија за сеопфатно вклучување на медиумската писменост во високото образование.
Рене Хобс, професорка на Универзитетот на Роуд Ајленд, Факултет за комуникации и медиуми „Харингтон“, САД посочи дека „е неопходно да го поддржиме развојот на компетентни и самоуверени наставници по медиумска писменост во високото образование“.
Пол Михаилидис, професор по граѓански медиуми и новинарство, Факултет за комуникации при колеџот „Емерсон“, САД истакна дека „медиумската писменост е клучна за градење на општество кое ќе бара отчетност од јавните институции“.
За време на симпозиумот беше објавен отворен повик за универзитетите во Северна Македонија да поднесат предлози за развој и спроведување на активности за образование за медиумска писменост во партнерство со ИКС и ИРЕКС.
„Младите размислуваат“ е петгодишна програма финансирана од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) која ја спроведува ИРЕКС во соработка со локалните партнери Институтот за комуникациски студии (ИКС), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Младинскиот образовен форум (МОФ).
Американскиот народ преку УСАИД од 1993 година досега има инвестирано повеќе од 830 милиони долари во Северна Македонија. УСАИД е водечка меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до развојни постигнувања. УСАИД ја унапредува националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја отсликува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации за работата на УСАИД во Северна Македонија, посетете ја нашата веб-страница https://www.usaid.gov/north-macedonia и следете нѐ на YouTube, Твитер и Фејсбук.