fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Средношколци од шест региони се изјаснија за главните проблеми со животната средина

Дискусијата со групата средношколци и професори од Демир Хисар беше последната од низата фокусни групи и интервјуа кои Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги спроведе во рамки на проектот „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“. Од почетокот на мај, ИКС реализираше шест фокусни групи и десетина интервјуа со професори во шесте региони и општини со заштитени подрачја (Пелагонија, Струмица, Охрид, Преспа, Демир Капија, Тиквеш). Учесниците дискутираа кои се според нив приоритетите за заштита на животната средина во нивната најблиска околина, колку во формалното образование се учи за екологија, за одржлив развој и за заштита на средината, дали се вклучени во воннаставни активности во оваа област, форми на соработка меѓу училиштата и институциите, локалната власт, граѓанските организации и сл. Во истражувањето беа вклучени шеесетина средношколци и единаесет профсори од вкупно единаесет средни училишта во овие региони и општини.

ИКС и Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе реализираат фокусни групи со граѓанските организации од овие региони и општини, како и со претставници на институции чија надлежност е поврзана со заштитата на животната средина и управувањето со заштитените подрачја. Врз основа на наодите од истражувањето, ќе се утврдат најгорливите еко-проблеми во овие места за да може во следната фаза од проектот да се поддржат партнерските иницијативи за заштита на животната средина меѓу граѓанскиот сектор и средните училишта. Наесен ИКС ќе објави повик за доделување грантови за поддршка на шест иницијативи.

Овој проект ИКС го реализира во партнерство со МЕД, и истиот е поддржан од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).