fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Започна уписот на магистерските студии

Започна уписот на магистерските студии

Институтот за комуникациски студии го објави конкурсот за запишување на магистерските студии по (1) Менаџирање на стратегиски комуникации и (2) Медиумски менаџмент.

Запиши се на едногодишните или двогодишните програми и стекни цврста основа врз која ќе можеш да напредуваш во различни кариерни правци.

Што добиваш:

  • Програми кои се комбинација од теоријата и трендовите во комуникациите и медиумите;
  • Знаење кое е директно применливо во приватниот и јавниот сектор;
  • Онлајн учење и редовна комуникација со професорите преку виртуелна училница;
  • Менторство при изработка на анализи, истражувања и планови од истакнати професори и професионалци од земјава и странство;
  • Студиска размена и практично доусовршување преку Еразмус+ програмата.

Аплицирај сега! За уписи во текот на мај и јуни предвиден е попуст од 20% на школарината, односно таа изнесува 800 евра со можност за плаќање на рати.

Студиската програма Менацирање на стратегиски комуникации овозможува да совладаш знаења и вештини за односи со јавност, кризно комуницирање, интегрирани маркетинг комуникациии, градење бренд и репутација, политичка комуникација и јавна дипломатија.

Студиската програма Медиумски менаџмент нуди знаења и вештини за  претприемништво и развивање нови бизнис модели со медиумската конвергенција, за интерактивно и онлајн новинарство и мултимедијална продукција, како и за улогата на медиумите во интересот на јавноста и промовирањето на слободно и плуралистичко новинарство.

Со завршувањето на едногодишните и двогодишните програми добиваш 60 / 120 ЕКТС кредити и диплома со назив „магистер по менаџирање на стратегиски комуникации“ или „магистер по медиумски менаџмент“.