За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

јуни 2020

Во текот на две недели (24 јуни – 06 јули), ќе прочитаме како КОВИД-19 ги нападна земјите од регионот, какви мерки преземале тамошните институции и како граѓаните реагирале на овие мерки. Ќе научиме од нивните успеси, но и од нивните грешки.

Учесниците дискутираа кои се според нив приоритетите за заштита на животната средина во нивната најблиска околина, колку во формалното образование се учи за екологија, за одржлив развој и за заштита на средината, дали се вклучени во воннаставни активности во оваа област, форми на соработка меѓу училиштата и институциите, локалната власт, граѓанските организации и сл.