Кога гроздовиот молец е во стапица, имаме подобро грозје
Долгите полиња со лозови насади се секојдневна глетка за средношколците на “Св. Кирил и Методиј” од Неготино кои преку кампања за прв пат ќе учествуваат во примена на добрите земјоделски практики во лозарството во нивниот регион.
Уредување на речните корита или профитабилен бизнис?
Уредување на речните корита или остварување профит преку лукративен бизнис? Во „Разбистри сè“ ја отплеткуваме пајажината испреплетена околу ископот на песок и камен од реките.
Низа забелешки за Предлог-законот за инспекциски надзор во животната средина
Граѓанскиот инспекциски совет (ГИС) утврди низа забелешки на Предлог-законот за инспекциски надзор во животната средина, кој го објави Министерството за животна средина и просторно планирање, и бара да биде вклучен во работна група за доработка на законското решение.
Модната индустрија меѓу најголемите загадувачи
Модната индустрија е една од најголемите загадувачи. Одговорна е за дури десет отсто од емисиите на јаглерод диоксид во светот, што е за пет пати повеќе од загадувањето од авиоиндустрија. Текстилни фабрики произведуваат илјадници тони отпад и отпадни води.
Угоре високо, удолу полно со градежен отпад
Цевки, платна за изолација, арматури и градежен шут се само дел од неразградливиот отпад кој се наоѓа во коритото на Челевечка река во Демиркаписката клисура како трага од изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица.
Цели населени места без безбедна вода за пиење
Цели населени места во Македонија се без безбедна вода за пиење. Сè уште има луѓе кои воопшто немаат чиста и здрава вода за пиење. Други, пак, се снабдуваат од водоводи кои сами ги изградиле, со вода која не е биолошки и хемиски испитана.
