Запиши се на магистерските студии
Програмите ги следат светските трендови во комуникациите и овозможуваат да научиш како да креираш и спроведуваш комуникациски стратегии, да комуницираш во кризи, да спроведуваш маркетинг и бренд кампањи и да креираш содржини прилагодени на дигиталните платформи.
Запиши се на магистерските студии
Институтот за комуникациски студии (ИКС) го распиша конкурсот за запишување на едногодишните и двегодишните магистерски студии по менаџирање на стратегиски комуникации. Преку студиите ќе ги надградиш комуникациските, претприемничките и лидерските способности, ќе го демонстрираш твојот успех преку апликативни проекти и ќе изградиш цврста мрежа со етаблирани професори и професионалци.