Говор на омраза во земјите од Западен Балкан: Поважни моменти во месец септември
Во текот на септември, мониторинг тимот на РДН констатираше повеќе наративи и дискурси во кои беше содржана омраза. Во овој месец имаше пораст на говорот на омраза, етничка дискриминација и ксенофобија кон различни етнички заедници, како и случаи на хомофобија и реторика против ЛГБТК+ во сите шест држави од Западен Балкан.
Повик за обука за обучувачи за известување за разновидност
Учесниците на обуката ќе стекнат вештини што ќе им помогнат подобро да ги разберат и пренесат гледиштата на малцинствата; да препознаваат говор на омраза и наративи кои создаваат поделби како и начините на кои тие се манифестираат; и како да им се спротивстават на тие наративи.
Натпревар за најдобар блог „Во каков град сакаш да живееш?“
Учествувај во натпреварот за најдобар блог „Во каков град сакаш да живееш?“ кој го организираат Рес публика и Институтот за комуникациски студии (ИКС).
Запиши се на магистерските студии
Програмите ги следат светските трендови во комуникациите и овозможуваат да научиш како да креираш и спроведуваш комуникациски стратегии, да комуницираш во кризи, да спроведуваш маркетинг и бренд кампањи и да креираш содржини прилагодени на дигиталните платформи.
Еко-камп: Со личен пример до зачувување на животната средина
Еко-активизмот не претставува само критика, туку и шанса да покажеме како може да се зачува природата. Викендов се дружевме со 80 средношколци од цела Македонија и држевме обуки за креативен активизам, ефективна употреба на социјалните мрежи, но и важноста на родовите прашања.
Новиот Закон за минерални суровини максимално да ја штити животната средина
Постапките за давање концесии за експлоатација на минерални суровини не се доволно транспарентни за жителите на локалните заедници, ископувањето на песок и чакал од реките и езерата се дозволува исклучиво за бизнис цели, а третманот на хидројаловиштата како потенцијално најопасни места во рударските комплекси не е доволно регулиран.
