fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Почна уписот на магистерските студии

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го распиша конкурсот за запишување на едногодишните и двегодишните студиски програми за Менаџирање на стратегиски комуникации.

Магистерските студии ви овозможуваат:

да стекнете комуникациски, претприемнички и лидерски способности,

да го демонстрирате вашиот успех преку апликативни проекти и

да соработувате со реномирани професори, истражувачи и професионалци.

Искористете ја можноста за попуст на школарината од 20% доколку се запишете до 15-ти јули. Пријавете се со пополнување на оваа апликација.

Студиската програма нуди богат избор на содржини и обезбедува знаења за управување со стратегиски комуникации, интегриран маркетинг и нови медиуми и за развивање на деловни стратегии и јавна дипломатија. Професорите ќе ве инспирираат да применувате решенија за придобивање на довербата на јавноста и за градење на репутација преку општествено одговорно одлучување, за управување со кризи и за развивање на интеркултурна комуникација.

Во текот на наставата, ќе работите индивидуално и во тимови на дизајнирање стратегии, ќе истражувате и комбинирате различни ресурси и ќе нудите идеи преку дискусии. Студиите овозможуваат интерактивни и флексибилни можности за учење, со користење на виртуелна училница и онлајн ресурси.

Со завршувањето на магистерските студии, добивате 60/120 ЕКТС и се стекнувате со диплома за магистер по менаџирање на стратегиски комуникации.