fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Враќање на стариот сјај на занаетчиството

Интересот за занаетчиството и стручното образованиe во Македонија во последните години е во надолна линија, а квалификувани работници не можат да се најдат и за лек. Преку проектот „Зајакнување на проверувањето на квалитетот и промоција на мајсторскиот испит“ ИКС оваа година во партнерство со коморите на занаетчии на Македонија, Хрватска и Словенија ќе работи на подигнување на квалитетот на мајсторскиот испит, како и на поголема промоција на стручното образование чија цел е да се истакне атрактивноста на овие програми, а со тоа и враќање на стариот сјај на занаетчиството.

Во рамки на овој проект, ИКС ќе развива програма и ќе спроведува обуки за дигитален маркетинг за занаетчиските комори на трите држави со кои ќе можат во дигиталниот простор подобро да ја промовираат традиционална изработка и да го прикажат богатото културно наследство на Македонија, Хрватска и Словенија. Исто така, ИКС ќе работи и на промотивен и едукативен филм за важноста од полагањето на мајсторскиот испит.