Оглас за ангажирање надворешни соработници за проектот „Користи факти“
Институтот за комуникациски студии (ИКС) има потреба да ангажира новинари како надворешни соработници во реализирањето на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје и ќе трае до март 2025.
1. За проектот
Проектот „Користи факти“ треба да ја зајакне отпорноста кон дезинформациите на широката јавност и ранливите групи во Македонија. Тој цели да создаде длабински анализи, истражувачки стории, едукативни содржини и да понуди ресурси кои ќе ги мотивираат граѓаните поангажирано да дејствуваат во општествените случувања и ќе ја зголемат транспарентноста на институциите, со што ќе се намали просторот за ширење дезинформации.
Крајната цел на проектот е да се сензибилизираат граѓаните кон препознавање на структурата и содржината на дезинформациите, да се имунизираат против нивно ширење и да се изврши влијание врз властите за зголемена транспарентност во работењето и во процесите на носење одлуки за јавни политики.
Секоја година, проектот ќе биде насочен кон актуелни теми за кои најмногу се шират дезинформации во Македонија. Во првата година, темите се однесуваат на климатските промени и македонските ЕУ интеграции. Производите создадени во овој проект ќе бидат пласирани на четирите платформи на ИКС, но и на други партнерски медиуми на проектот. Секоја од овие платформи има свој домен и согласно истиот ќе се пласираат и продуктите.
- Само прашај (samoprasaj.mk) – Платформа за комуникација со јавноста преку овозможување дијалог, одговарање на прашања, истражување и информирање за теми од јавен интерес.
- Дома (doma.edu.mk) – Еколошка и едукативна платформа која истражува и едуцира за теми поврзани со животната средина, биодиверзитетот, одржливите практики и еколошката свест.
- Рес публика (respublica.edu.mk) – Блог кој претставува иницијатива за дигитално граѓанство и ја јакне улогата на академската и стручната заедница во штитењето на јавниот интерес.
- Медиум (medium.edu.mk) – Платформа за едукација на граѓаните во областа на медиумската писменост, пред сè на младите луѓе, која нуди простор за создавање на содржини од нивна страна.
2. Позициja и опсег на работа
Новинари/ки – видео прилози и мултимедијални стории
Новинар со повеќегодишно работно искуство на различни платформи (веб и телевизија), за изработка на различен вид продукти (истражувачки приказни, аналитички стории, мултимедијални приказни) и во соработка во тим со други новинари. Кандидатот треба да ги познава особеностите на пишуваното новинарство како и на онлајн и видео/ТВ новинарството. Потребно е да има желба за учење нови формати и да покажува способности за прилагодливост и работење на различни новинарски жанрови. Искуство во дигитална редакција е предност. Динамиката на работа е брза, со работа на повеќе новинарски продукти паралелно, со објавувачка динамика од минимум два продукти неделно.
3. Начин на пријавување и селекција
Заинтересираните кандидати/ки треба да испратат работна биографија (CV) и линкови до најмногу 5 (пет) авторски продукти кои ги истакнуваат нивните вештини за позицијата за која се пријавуваат, најдоцна до 09.05.2023 година на е-адресата .
Насловот на пораката треба да биде во следниот формат:
Позиција за која се аплицира – Име и презиме (пример: Новинар – Соња Трајковска)
Избраните кандидати/ки ќе бидат повикани на разговор.
Лице за контакт: