Водич за обучувачи – Развивање вештини за медиумска писменост низ граѓански активизам
Брзиот развој на дигиталните технологии, растечката употреба на вештачката интелигенција за создавање медиумски содржини, брзото ширење на дезинформациите, развојот на граѓанското новинарство и сѐ поголемата употреба на дигиталните, новите медиуми во споредба со традиционалните медиуми, сѐ повеќе ја истакнуваат потребата за зајакнати вештини за медиумска писменост кај населението.
Во таа насока, ИКС го објави Водичот за обучувачи – Развивање вештини за медиумска писменост, наменет да биде практичен водич за секој што сака да користи модел на инклузивно развивање на медиумска писменост, без разлика дали станува збор за училиште, како дел од работната програма на класниот раководител, или граѓанска организација.
Целта е преку овој водич да се дадат насоки за спроведување на модел на медиумска писменост, за да можат обучувачите самостојно да работат во рамки на образовниот процес или пак во процеси заедно со граѓанските организации, за учениците и младите да ја развиваат својата медиумска писменост од најрана возраст.
Наставните единици во Водичот се организирани во посебни модули, а за секоја од нив се дадени насоки за спроведување на едукативните активности, кои вклучуваат и време за реализација, теми на разговор, совети за дискусија и инструкции за вежбите.
ИКС го креираше Водичот во рамки на проектот Инклузивно и креативно медиумско образование (ICME).