Панел дискусија: Што правиме со родово (не)сензитивното известување?
Употреба на сензационалистички јазик, непридржување до насоките за етичко известување на онлајн-медиумите, несразмерно широка застапеност на антиродовите наративи во медиумскиот простор се дел од проблемите при известувањето за родовите прашања во Македонија. Како до поголема инклузивност и родова сензитивност во новинарството? Што презема државниот регулатор? Како може да помогне саморегулацијата за професионалното известување за родово базирани теми?
Ве покануваме на дискусијата „Што правиме со родово (не)сензитивното известување?“ што ќе се одржи на 4 декември (понеделник) од 12:00 – 14:00 часот, во Хотел Солун, Скопје заедно да дискутираме на овие прашања.
На настанот ќе учествуваат Сашо Богдановски, раководител на Одделението за човекови права и медиумска писменост во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни уметности, вонреден проф. др. Марина Тунева, медиумски експерт, и Леунора Калиќи, претседателка на Советот за етика во медумите во Македонија.
ИКС го организира настанот во рамки на проектот Мрежа за разновидност 2.0, со цел да ја подигне јавната свест за важноста на одговорното и родово сензитивно известување на медиумите во Македонија.
Ве молиме потврдете го Вашето присуство со регистрација на следниот линк.
Лице за контакт: Бојан Георгиевски,
АГЕНДА
Што правиме со родово (не)сензитивното известување?
4 декември (понделник), 12:00 – 14:00 часот
Место: Хотел Солун, Скопје
(Ул. Никола Вапцаров бр.10)
12:00 – 12:30 |
Пристигнување и регистрација |
12:30 – 12:35 |
Вовед во настанот Ана Зафирова, модератор |
12:35 – 12:50 |
Улогата и пристапот на АВМУ кон родовите прашања Сашо Богдановски, раководител на Одделението за човекови права и медиумска писменост во АВМУ |
12:50 – 13:05 |
Известување во свет што се менува |
13:05 – 13:20 |
Влијанието на саморегулацијата врз професионалното известување за родово базирани теми |
13:20 – 13:50 |
Дискусија |
13:50 – 14:00 |
Заклучоци и затворање на настанот |