fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

КОНФЕРЕНЦИЈА: Транспарентност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции

Транспарентноста и отчетноста на Владата се од клучно значење за довербата на граѓаните во нејзиното работење. Кога граѓаните чувствуваат поблиска интеракција и поврзаност со институциите, довербата има тенденција да расте. Во спротивно, кога транспарентноста е еродирана и постојат сомневања за одговорноста на институциите, тоа води кон нивно делегитимирање и намалување на јавната доверба.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на конференцијата „Транспаретност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции“, што ќе се одржи на 12 декември 2023 година, почнувајќи од 10:00 часот, во хотел „Лимак“ – Скопје.

На конференцијата ќе бидат понудени нови перспективи и пристапи за зголемување на довербата во владините институции, со фокус на транспарентноста и отчетноста во владеењето на правото и корупцијата. Еминентни говорници од земјава и странство ќе дискутираат за одговорноста на владините институции кога нетранспарентноста и неотчетноста сигнализираат корупција и за проактивноста на обвинителството и судството во откривањето и кривичното гонење на таквите практики.

Заинтересираните треба да се регистрирате за учество на конференцијата најдоцна до 7 декември (четврток) на копчето подолу.

*За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат покриени патните трошоци.

Конференцијата се организира во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Лице за контакт: м-р Дејан Андонов, програмски координатор – , 071 317 661

 

ДНЕВЕН РЕД

Време Сесија
09:30–10:00

Регистрација и кафе

10:00–10:30

Воведни обраќања

вон. проф. д-р Жанета Трајкоска, директорка, Институт за комуникациски студии

д-р Димитар Ковачевски, Претседател на Влада на Република Северна Македонија

Н.Е. Метју Лосон, амбасадор на Обединето Кралство во Северна Македонија

10:30-11:50

Сесија 1: Потиснато или негувано „право да се знае“: транспарентноста и довербата во јавните институции

Модератор: проф. д-р Ненад Марковиќ, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје

Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026: следни чекори
Александар Бајдевски
, заменик-министер за информатичко општество и администрација

Со транспарентност во борба против корупцијата
проф. д-р Ана Павловска-Данева, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје

Проблеми со мерење на транспарентноста на институциите: формални процедури наспроти неформални практики
д-р Јелена Џанкиќ, Програма за глобално владеење на Центарот „Роберт Шуман“ на Европскиот универзитетски институт, Италија

Искористување на придобивките од транспарентноста: помеѓу ветувањата и замките
д-р Бјорн Клеизен, GOVTRUST Центар за извонредност, Универзитет во Антверп, Белгија

Дискусија

11:50-12:10

Кафе-пауза

12:10-13:20

Сесија 2: Преиспитување на културата за одговорност на јавните институции

Модератор: Васко Маглешов, новинар и претседател на Судско-медиумскиот совет

Практикувањето на транспарентноста, отчетноста и одговорноста во работењето на Државниот завод за ревизија
Максим Ацевски
, Главен државен ревизор, Државен завод за ревизија

Постапување и повратни информации од институциите по одлуките на ДКСК
Билјана Ивановска
, претседателка на Државната комисија за спречување на корупција

Јавноста гледа корупција – дали ја гледаат институциите?
Гаврил Бубевски
, Основен јавен обвинител – Скопје

Транспаретноста чувар на интегритетот на судиите
Беса Адеми
, судијка и претседателка на Врховен суд

Дискусија

13:20-14:30

Ручек

Transparenca dhe llogaridhënia e Qeverisë janë thelbësore për besimin e qytetarëve në punën e saj. Kur qytetarët ndjejnë ndërveprim dhe lidhje më të ngushtë me institucionet, besimi ka tendencë të rritet. Përndryshe, kur transparenca rrënohet dhe ka dyshime për përgjegjësinë e institucioneve, kjo çon në delegjitimimin e tyre dhe uljen e besimit të publikut.

Ju ftojmë të merrni pjesë në konferencën “Transparenca dhe llogaridhënia: çifti i përsosur për rikthimin e besimit në institucionet publike“, e cila do të mbahet më 12 dhjetor 2023, me fillim në ora 10:00, në Hotel Limak – Shkup.

Konferenca do të ofrojë perspektiva dhe qasje të reja për rritjen e besimit në institucionet qeveritare, me fokus në transparencën dhe llogaridhënien në sundimin e ligjit dhe korrupsionin. Folës të shquar nga vendi dhe jashtë do të diskutojnë përgjegjësinë e institucioneve qeveritare kur mungesa e transparencës dhe llogaridhënies sinjalizojnë korrupsionin dhe për proaktivitetin e prokurorisë dhe gjyqësorit në zbulimin dhe ndjekjen penale të praktikave të tilla.

Ju lutemi regjistrohuni për të marrë pjesë në konferencë jo më vonë se data 7 dhjetor (e enjte) në butonin më poshtë.

*Shpenzimet e udhëtimit do të mbulohen për pjesëmarrësit që vijnë nga jashtë Shkupit.

Konferenca organizohet nga Instituti për Studime të Komunikimit (ISK) në kuadër të projektit “Përdor fakteve”, i cili mbështetet nga Ambasada Britanike në Shkup.

Personi për kontakt: mr. Dejan Andonov, koordinator i programit në ISK – , 071 317 661

 

AGJENDA

Ora Sesioni
09:30–10:00

Regjistrimi dhe kafeja

10:00–10:30

Fjalime hyrëse

prof. dr. Zaneta Trajkoska, drejtore, Instituti për Studime të Komunikimit

Dimitar Kovaçevski, Kryetar i Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut

SH.T. Matthew Lawson, ambasador i Mbretërisë së Bashkuar në Maqedoninë e Veriut

10:30-11:50

Sesioni 1: “E drejta për të ditur” e supresuar ose e kultivuar: transparenca dhe besimi në institucionet publike

Moderator: prof. dr. Nenad Markoviq, Fakulteti Juridik “Justiniani i Parë” – Shkup

Plan veprimi nacional për partneritet për qeverisje të hapur 2024 – 2026: hapat e ardhshëm
Aleksandar Bajdevski
, zëvendësministër i Shoqërisë Informatike dhe Administratës

Me transparencë në luftë kundër korrupsionit
prof. dr. Ana Pavlovska-Daneva, Fakulteti Juridik “Justiniani i Parë” – Shkup

Probleme me matjen e transparencës së institucioneve: procedura formale përkundër praktikave joformale
Jelena Xhankiq
, Programi për Qeverisje Globale i Qendrës “Robert Schuman” i Institutit Universitar Evropian, Itali

Shfrytëzimi i përfitimeve nga transparenca: ndërmjet premtimeve dhe kurtheve
Björn Kleizen,
Qendra e Ekselencës GOVTRUST, Universiteti i Antwerp, Belgjikë

Diskutim

11:50-12:10

Pushimi i kafes

12:10-13:20

Sesioni 2: Rishqyrtimi i kulturës për përgjegjësinë e institucioneve publike

Moderator: Vasko Magleshov, gazetar dhe kryetar i Këshillit Gjyqësor-Mediatik

Praktikimi i transparencës, llogaridhënies dhe përgjegjësisë në punën e Entit Shtetëror për Revizion
Maksim Acevski
, Krye revizor, Enti Shtetërori Revizionit

Procedimi dhe informata kthyese në lidhje me vendimet e KSHPK-së
Biljana Ivanovska
, Kryetare e Komisionit Shtetëror për Parandalimin e Korrupsionit

Publiku sheh korrupsion – a e shohin institucionet?
Gavril Bubevski
, Kryeprokuror Publik – Shkup

Transparenca është ruajtësi i integritetit të gjyqtarëve
Besa Ademi
, gjyqtare dhe kryetare e Gjykatës Supreme

Diskutim

13:20-14:30 Drekë