fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Медиумската писменост: Клучна алатка против дезинформациите

Во ера на молскавичен технолошки развој, дезинформациите се шират побрзо и повеќе од било кога. Ранливите групи се особено подложни на штетните ефекти на дезинформациите, а отпорноста на индивидуата на разорната моќ на дезинформациите мора да стане еден од главните приоритети во образованието.

Со цел да придонесе кон можните решенија за овој проблем, ИКС го објави истражувањето „Ранливост на дезинформации кај различни групи граѓани во Северна Македонија“.

Истражувањето има за цел да ги идентификува поединечните фактори, мотиви и бариери со кои се соочуваат различни ранливи групи граѓани при препознавање и справување со дезинформации. Овие групи вклучуваат млади луѓе меѓу 18 и 28 години, лица над 60 години и приматели на социјална помош. Истражувањето ја анализира и поврзаноста на медиумската писменост со умешноста на граѓаните да ги препознаат дезинформациите во интернет-вестите.

Анализата изнесува сознанија за тоа зошто овие групи се подложни на дезинформации, нивните бариери и како медиумската писменост може да се искористи за борба против штетните ефекти на дезинформациите, и различните предизвици за различни групи граѓани при препознавање и справување со дезинформации.

Анализата исто така сугерира дека медиумската писменост игра клучна улога во препознавањето и справувањето со дезинформациите, при што повисокото ниво на медиумска писменост води до подобро препознавање и отпорност на дезинформации.

Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Користи факти“, кој ИКС го имплементира со поддршка на Британската амбасада во Скопје.