fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Доверба и висококвалитетни содржини за зголемување на публиката

Со порастот на дигиталните медиуми и вештачката интелегенција, публиката значително се зголемува, а медиумската индустрија се соочува со суштински промени. За да успеат, медиумите мора да се прилагодат на потребите на нивната публика, да изградат доверба во брендот, да испорачуваат висококвалитетна содржина и да ја користат вештачката интелигенција како поддршка во уредувачкиот процес.

На оваа тема 20 сопственици и уредници на медиуми, дискутираа на еднодневните работилници за зголемување на (младата) публика преку дигитални деловни и организациски модели, производи и вештини, кои ги водеше специјалистот за трансформација на дигитални медиуми Дитмар Шантин од медиумската консултантска фирма IFMS.

Мала група клиенти има големо влијание врз приходите на интернет и затоа лојалноста е клучен фактор што одредува кои посетители ќе бидат подготвени да платат за медиумската содржина, но за возврат тие треба да добијат интелектуална, емоционална, социјална или парична вредност, беше посочено на работилниците.

Оттука, беше кажано, од суштинско значење е не само да се разбере демографската структура на публиката, туку и да се групира врз основа на слични вредности, интереси и начин на живот. Генерацијата З (Z), на пример, има специфични интереси, како што се самосозревањето, подобра планета, еднаквост, социјална правда, забава и култура. Затоа, медиумите мора да се прилагодат на нивните интереси за да ја привлечат и задржат оваа публика.

За да се исполнат очекувањата на публиката, пак, клучен фактор е квалитетот на медиумската содржина. Таа треба да опфаќа точни и вистинити информации, раскажување приказни во нови дигитални формати со употреба на вештачка интелигенција и конструктивно новинарство кое нуди решенија. Тоа, пак, води кон градење лојалност и доверба со публиката, како и одржлив медиумски бизнис, беше потенцирано на работилниците.

Работилниците беа организирани од Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС во рамките на УСАИД проекот за медиумска писменост „Младите размислуваат“.

 

Галерија од настанот