Конференција: Како да комуницираме за животната средина во растечката еколошка криза
Во време на растечка еколошка криза, граѓанските организации и инцијативи, академскиот сектор, бизнисите и јавните институции треба сè повеќе да преземаат одговорност за своите постапки и да комуницираат за животната средина. Комуникацијата за животната средина помага да се влијае врз јавното мислење, промена на однесувањето, застапување за политики и донесување закони. Таа овозможува граѓаните да ги разберат еколошките проблеми и загриженоста за животната средина и климатските промени, како и да се вклучат во зачувувањето на природните ресурси.
Ве покануваме на конференцијата „Како да комуницираме за животната средина во растечката еколошка криза: практични искуства и нови перспективи“, што ќе се одржи на 27 март (среда), од 10:00 до 13:00 часот, во хотел „Холидеј Ин“ – Скопје. За учество на конференцијата, ве молиме да се регистрирате најдоцна до 24 март (недела) на копчето подолу.
На конференцијата, домашни и странски говорници ќе зборуваат за нивните специфични аспекти и искуства и ќе понудат нови перспективи и приоди за комуникацијата за животната средина. Дневниот ред за настанот е во прилог.
Конференцијата ја организира Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамките на проектот „Популаризирање на комуникацијата за животната средина преку онлајн учење и виртуелна мобилност“, што го спроведува во партнерство со универзитетите во Загреб, Нови Сад, Сараево и Тирана, а е финансиран од програмата ЕРАЗМУС+. Повеќе информации за проектот се достапни на www.communicating.green.
*За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат покриени трошоците за пат во износ на повратен автобуски билет.
Лице за контакт: м-р Дејан Андонов, , 071 317 661
АГЕНДА
9:30-10:00 | Регистрација и кафе |
10:00-10:10 | Вовед во конференцијата
м-р Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии |
10:10-10:25 | Воведно обраќање: Реториката во комуникацијата за животната средина во време на еколошка криза
проф. емиритус Стив Депо, претседател на Меѓународната асоцијација за комуникација на животна средина (онлајн) |
Сесија 1: Комуникација за животна средина: Увид во практични искуства
Модератор: м-р Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии |
|
10:25-10:40 | Ефективна комуникација за широка поддршка на еколошките движења: Рударење на литиум во Јадар, Србија
Златко Кокановиќ, Граѓанска иницијатива „Не дамо Јадар“, Србија |
10:40-10:55 | Подигнувањето на свеста и разбирањето за природните вредности: Рисот како национален бренд
д-р Диме Меловски, Македонско еколошко друштво (МЕД) |
10:55-11:10 | Засилување на младинскиот активизам и едукација: Во потрага по решенија за еколошките проблеми
Мила Јовановска, НВО „Гоу грин“ и учесничка на Онлајн програмата за комуникација за животна средина |
11:10-11:30 | Дискусија |
11:30-11:50 | Пауза |
Сесија 2: Нови перспективи и потребата од трансформативна комуникација
Модератор: м-р Кирил Арсовски, Институтот за комуникациски студии |
|
11:50-12:05 | Промовирање на решенија засновани на природата: Градење на климатски отпорни заедници
д-р Жанин Маер, Универзитет во Пасау, Германија |
12:05-12:20 | Подобро позиционирање на компаниите со принципите за еколошка, социјална и управувачка рамка (ESG)
Иван Штериев, извршен директор, Македонска берза |
12:20-12:35 | Медиумските ефекти во решавањето на еколошките прашања: Новинарство за заштита на животната средина
м-р Кирил Арсовски, уредник на веб-порталот за животна средина Дома (doma.edu.mk) на Институтот за комуникациски студии |
12:35-12:50 | Комуникација со животната средина преку социјалните медиуми и инфлуенсерите: Зајакнување на улогата на поединците и организациите
д-р Јована Била Дубаиќ, Биолошки факултет – Белград и учесник на Онлајн програмата за комуникација со животната средина |
12:50-13:20 | Дискусија |
13:20-14:00 | Коктел |