fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Пензионерите проверуваат за да се заштитат од дезинформации

Пензионерите се една од најранливите групи кога станува збор за дезинформациите. Но, она што е добро е дека тие се свесни за тоа. Дел од оние кои учествуваа на обуките кои Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги организира за членовите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ) признаа дека имаат проблем во препознавање на веродостојноста на информациите и дека токму затоа мора да бидат повнимателни.

По обуката, велат дека имаат поинаков пристап, и дека ги применуваат правилата за проверка на веродостојноста на информациите.

Ако некоја информација и натаму им е „сомнителна“ се собираат во пензионерскиот клуб каде што дискутираат за спорната содржина по што носат „пресуда“ и веста ја прогласуваат за вистинита или за дезинформација.

Целиот процес се состои од неколку фази. Прво, за разлика од порано, на „скандалозните“ и „шокантните“ вести не реагираат емотивно и бурно, туку почнуваат со проверка – на кој медиум е објавена, дали има автор, кој ја напишал, дали има извор, со каква цел се објавува – сето она што го учат на обуките. „Наоружани“ со овие дополнителни информации, дискусијата продолжува со останатите пензионери во клубот, кои споделуваат информации – дали веста ја пренеле и други медиуми, по што лесно велат дека носат заклучок за каков тип на информација станува збор.

Досега се организираа 14 работилници (Скопје, Штип, Прилеп, Куманово, Тетово и Брвеница) на кои учествуваа повеќе од 350 пензионери. Обуките се организирани во рамки на проектот „Користи факти“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје.

 

Новинарка: Соња Петрушевска Поповска
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажер: Ристо Душковски