
Истражувачката сторија за рудникот Иловица-Штука на Дома ја доби третата награда „Никола Младенов 2023“
Новинарот Мартин Пушевски од МТВ ја доби третата награда за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс за новинарските награди „Никола Младенов 2023“ што ја доделува Македонскиот институт за медиуми (МИМ) за серијалот текстови за борбата на граѓаните од Струмичката Котлина против отворање на рудникот „Иловица“, објавени на платформата Дома на Интитутот за комуникациски студии.
„Серијата текстови за „Иловица“ открива како рудникот стигна на чекор до добивање дозволи за работа, наспроти загриженоста и реакциите на граѓаните и на стручната јавност за штетите што можат да бидат предизвикани врз животната средина во Струмичката Котлина“, се вели во објаснувањето.
Првата награда ја доби Александар Димитриевски од емисијата „360 степени“, за сторијата „Од фирма за долна облека до надзор над проект од 1,3 милијарди евра со позајмени експерти“,додека втората награда ја доби новинарката Ирена Мулачка за серијалот текстови поврзани со случувањата на Клиниката за онкологија, објавени во неделникот „Фокус“.
Во категоријата за Најиновативен новинарски производ, наградата ја доби редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за истражувачкиот документарен филм „Убиство во Тетово“, емитуван на МТВ1 и на веб-страницата на ИРЛ.
Новинарката Катерина Топалова во оваа категорија доби пофалница за сторијата „Што фалеше во Фалише?“ Објавен исто така на платфрмата Дома на ИКС.
Наградата за Најдобра репортерска фотографија ја доби фоторепортерот Томислав Георгиев за фотографијата „Црква“, објавена во интернет изданието на неделникот „Фокус“.
Сите добитници може да ги прочитате тука.
Серијалот за Иловица Штука
„Еуромакс“ повторно тужи за Иловица, активисти бараат одговорност од Бектеши (doma.edu.mk)
Кој ќе понесе одговорност за владиното „пу, пу, не важи“ за „Иловица“? (doma.edu.mk)
Правото се „тегне“ како тесто кога треба да се угоди за „Иловица“ (doma.edu.mk)
Инвестицијата на Назиф Дестани во „Еуромакс“ е врзана со концесиите за Иловица (doma.edu.mk)
Струмичката котлина мобилизирана против рудникот Иловица (doma.edu.mk)
Случај „Иловица“: морална одговорност за министерска „неодговорност“ (doma.edu.mk)
Назиф Дестани од „Еколог“ ја предомисли Владата за рудникот Иловица (doma.edu.mk)
Судот го донесе „Еколог“ на Назиф Дестани на чекор до отворање на рудникот Иловица (doma.edu.mk)
Назиф Дестани од „Еколог“ вложил милиони во „Еуромакс“ за да копа злато во струмичко (doma.edu.mk)