fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Истражувачката сторија за рудникот Иловица-Штука на Дома ја доби третата награда „Никола Младенов 2023“

Новинарот Мартин Пушевски од МТВ ја доби третата награда за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс за новинарските награди „Никола Младенов 2023“ што ја доделува Македонскиот институт за медиуми (МИМ) за серијалот текстови за борбата на граѓаните од Струмичката Котлина против отворање на рудникот „Иловица“, објавени на платформата Дома на Интитутот за комуникациски студии.

„Серијата текстови за „Иловица“ открива како рудникот стигна на чекор до добивање дозволи за работа, наспроти загриженоста и реакциите на граѓаните и на стручната јавност за штетите што можат да бидат предизвикани врз животната средина во Струмичката Котлина“, се вели во објаснувањето.

Првата награда ја доби Александар Димитриевски од емисијата „360 степени“, за сторијата „Од фирма за долна облека до надзор над проект од 1,3 милијарди евра со позајмени експерти“,додека втората награда ја доби новинарката Ирена Мулачка за серијалот текстови поврзани со случувањата на Клиниката за онкологија, објавени во неделникот „Фокус“.

Во категоријата за Најиновативен новинарски производ, наградата ја доби редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за истражувачкиот документарен филм „Убиство во Тетово“, емитуван на МТВ1 и на веб-страницата на ИРЛ.

Новинарката Катерина Топалова во оваа категорија доби пофалница за сторијата „Што фалеше во Фалише?“ Објавен исто така на платфрмата Дома на ИКС.

Наградата за Најдобра репортерска фотографија ја доби фоторепортерот Томислав Георгиев за фотографијата „Црква“, објавена во интернет изданието на неделникот „Фокус“.

Сите добитници може да ги прочитате тука.