fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Новости

Институтот за комуникациски студии (ИКС) Ве поканува заедно да ја започнеме кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сé“.

Комисијата за селекција ги избра победниците на конкурсот за најдобар блог „Имаш ли (по)подобра идеја?“ кој го организираа Рес публика и ИКС.

На магистерската програма по Менаџирање на стратегиски комуникации, тие ќе учат и како да управуваат со комуникацијата помеѓу организацијата и нејзините публики, да креираат и спроведат стратегија за дигитални комуникации, да комуницираат во услови на криза и да градат и одржуваат репутација, а ќе ја осознаат и моќта на јавната дипломатија и политичките комуникации.

Заврши Неделата против лажните вести што трета година по ред ја организираше Институтот за комуникациски студии (ИКС). Од 22 октомври до 3 ноември се одржаа три работилници за препознавање лажни вести, два вебинари за онлајн заштита и онлајн дебата на тема „Дали ни е потребна медиумска диета?“.

Институтот за комуникациски студии (ИКС), во рамките на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, објавува јавен повик за доставување понуди за креирање и спроведување истражување на ставовите на граѓаните во областа на животната средина.

На дебатата „Дали ни е потребна медиумска диета?“ се утврди дека е младите поминуваат премногу време на социјалните мрежи, но и дека е потребно навреме да реагираме ќе забележиме намалени социјални вештини, чувство на комфорна зона во онлајн светот и хиперконектираност.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) трета година по ред ја организира Неделата против лажните вести. И годинава ќе информираме, едуцираме, дискутираме како да се бориме против лажните вести и дезинформациите преку обуки, вебинари, дискусии, видеа, блогови и различни едукативни ресурси.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) распишува конкурс за прием на 10 учесници на тримесечна обука за новинарство. ИКС ја организира оваа обука како дел од проектот „Поврзи ги точките: Подобрени политики преку граѓанско учество“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Рес публика и Институтот за комуникациски студии (ИКС) го најавуваат конкурсот за најдобар блог „Имаш ли (по)добра идеја?”. Конкурсот се организира во рамки на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје.

Каков е контекстот за застапување и лобирање во животната средина, кои се страните кои се залагаат или се спротивставуваат на промените, што влијае на јавното мислење, зошто фактите се важни и како ефикасно да се користат.