fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Новости

Шест граѓански организации заедно со средношколци од шест региони во земјава ќе иницираат решавање локални проблеми за заштита на животната средина. Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Македонското еколошко друштво (МЕД) следните две години ќе ги обучуваат еко-активистите и учениците од Пелагонија, Охрид, Струмица, Тиквеш, Демир Капија и Преспа како да иницираат и претстават одреден проблем во нивниот регион, а во чие решавање ќе ги вклучат граѓаните и институциите.

Институтот за комуникациски студии преведе и илустрираше седум онлајн материјали на македонски и на албански јазик кои служат за едукација во областа на животната средина.

Комисијата за избор на шесте средношколски новинарски тимови на конкурсот „Биди медиумски активен/на“ (#BeMediActive), организиран од Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Делегацијата на Европската Унија, ги одбра тимовите кои заедно со нивните медиуми партнери ќе изработуваат медиумски производи.

Деведесет средни училишта во Македонија добија научни постери за влијанието на климатските промени врз биолошката разновидност во земјава, кои Институтот за комуникациски студии (ИКС) во соработка со ЗЕЛС ги изработија и поделија во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги повикуваат средношколците во земјата да се пријават на конкурсот „Биди медиумски активен/на“ (#BeMediActive) и заедно да ја одбележат Европската недела на медиумска писменост 2020. Средношколците треба да испратат предлози за изработка на новинарски приказни што ќе ги продуцираат во партнерство со еден од медиумите во Република Северна Македонија. Предлог идеите за новинарски приказни треба да содржат јасно образложение на одреден проблем со кој се соочуваат младите. Идејата на конкурсот е средношколците да стекнат нови или да ги усовршат постоечките новинарски вештини и преку медиумска поддршка

„Со години наназад сме сведоци на видливите негативни трендови во оваа област и затоа мораме да делуваме итно и во континуитет. Климатските промени не се процес кој не чека во иднина, туку се наша реалност денес, која влијае врз нашиот квалитет на животот, здравјето, економските процеси, врз инфраструктурата.“

Енергетската индустрија, отпадот, сообраќајот и градежништвото најмногу придонесуваат во емисиите на стакленички гасови во Македонија, додека шумите и урбаното зеленило кои се главни апсорбирачи на гасовите, се карактеризираат со низок квалитет и мал годишен прираст.

Какви мерки се преземаат од државата за справување со загадувањето, колку се тие ефективни, какво е влијанието на големите загадувачи врз природата и дали државните институции соработуваат при справувањето со овој проблем.

Ве покануваме на деветото издание на јавниот дебатен настан Аргумент: Организирано изразување, што ќе се одржи во вторник (5 ноември) 2019, со почеток во 19 часот, во Кино Фросина – Младински Културен Центар. Оваа година, Младинскиот образовен форум (МОФ) ја организира дебатата во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Околу 80 средношколци и професори од неколку градови во земјава разговараа со македонскиот претседател Стево Пендаровски за справувањето со предизвиците од климатските промени и заштитата на животната средина.